мини|Славен Билиќ на прес конференција на Вест Хем Јунајтед во 2015 година Славен Билиќ ( роден на 11 септември 1968 година) е професионален хрватски фудбалски тренер и поранешен професионален играч. Во моментов тој е актуелен тренер на тимот на Вотфорд од ЕФЛ Првенството, (втора англиска фудбалска лига).
Славен Билиќ, кој настапувал на позицијата на дефанзивец, својата професионална кариера ја започнал во 1988 година во фудбалскиот клуб на Хајдук од Сплит. Во подоцнежната кариера тој имал успешни фудбалски периоди играјќи во екипата на ФК Карлсруер од Германија и клубовите на Вест Хем Јунајтед и Евертон од Англија, пред да се повлече од активното играње фудбал во 2001 година. На репрезентативно ниво Билиќ настапувал и бил еден од најконстантните одбранбени играчи на репрезентацијата на Хрватска. Додека настапувал за својата репрезентација, селектор на државната репрезентација бил Мирослав Блажевиќ. Славен Билиќ одиграл вкупно 44 натпревари за својата репрезентација и тоа помеѓу 1992 и 1999 година. Во тој период настапил на УЕФА ЕВРО 1996 и Светското првенство на ФИФА во 1998 година. Тој ѝ помогнал на својата репрезентација да го освои третото место на Светското првенство во 1998 година кое се одржало во Франција.
По неговото играчко пензионирање, во 2001 година во екипата на Хајдук од Сплит Билиќ бил тренер на истиот тим во втората половина од сезоната 2001-02. Помеѓу 2004 и 2006 година, тој ја предводел репрезентацијата на Хрватска до 21 година, пред да ја преземе сениорската репрезентација. Тој го водел тимот до четврт-финалето на Европското првенство во 2008 година кое се одржало во Австрија и Швајцарија. Билиќ ја напуштил репрезентацијата по Европското првенство во фудбал 2012 година, четири години подоцна. Бил пофален за неговата долгогодишна работа во државната репрезентација и бил заслужен за успешното надгледување на младите играчи и нивно воведување од тимот до 21 година во сениорскиот репрезентативен тим. Подоцна, во 2012 година, Славен Билиќ заминал да работи како тренер во рускиот клуб Локомотив од Москва, а потоа по две години преминал да работи раководејќи ги турскиот тим Бешикташ и екипата на Вест Хем Јунајтед од Англија. Во сезоната 2018 -19 тој бил главен тренер на екипата на Ал-Итихад од Саудиска Арабија, а на 13 јуни 2019 година станал тренер на екипата на Вест Бромвич Албион од Англија. По престојот во Англија, Славен Билиќ работел како прв тренер на кинескиот тим Пекинг Гуан. Подоцна, во 2022 година Билиќ се вратил во Англија и станал тренер на екипата на Ватфорд каде и моментално работи.
Клупска кариера
Почетокот на животот и екипата на Хајдук од Сплит Речиси сите јуниорски играчи (младинци) на екипата на Хајдук од Сплит учеле во економското училиште. Во градот Сплит немало класични гимназиски средни училишта, па затоа тој се запишал на информатичко, новинарски и документарен правец (ИНДОК). Славен Билиќ додека учел во текот на средно училиште успеал да заврши со највисоки оценки, па на крајот успеал и успешно да ја заврши и матурата. Омилени предмети му биле математика и историја. Кога требало да изврши избор каде да се запише, на кој факултет, веќе знаел дека ќе биде професионален фудбалер. По завршувањето на средното училиште, тој го завршил правниот факултет во Сплит. На истиот факултет татко му на Славен бил декан.
Како играч на екипата на Хајдук, на половина година бил позајмен во тимот на НК Приморац од Стобреч, а една година и половина во составот на ХНК Шибеник. Екипата од Шибеник во тој период се борела за првото место во тогашната Југословенска втора лига. Билиќ како играч на централната одбранбена позиција постигнал вкупно седум гола и во истиот период настапувал и за државната репрезентација. Тренерот Петар Надовеза го повикал Билиќ да настапи на три натпревари: и тоа во Скопје, против Вардар, во Ниш против Раднички и во Мостар против тимот на Вележ. На тие натпревари тој постигнал два гола и воедно бил прогласен за играч на натпреварот на сите три натпревари.
Билиќ набрзо станал мета на клубови како Динамо од Загреб, Црвена Ѕвезда од Белград и Партизан исто така од Белград. Сите тие тимови имале желба да го видат младиот дефанзивец во своите редови. Билиќ му помогнал на својот Хајдук да го освои Купот на Југославија во сезоната 1990-1991 година. Веднаш по тој финален натпревар дошло до распаѓање на Југословенската прва лига поради распад на југословенската држава. Во текот на првата сезона од новосоздадената Хрватска прва лига, екипата на Хајдук од Сплит ги освоил и хрватската прва лига и Суперкупот . Една сезона подоцна Славен Билиќ со својот Хајдук го освоил и Купот на Хрватска.
Вест Хем Јунајтед Во месец јануари 1996 година, Хари Реднап, тренер во Премиер лигата на клубот Вест Хем Јунајтед, го донел во клубот Славен Билиќ за сума од 1,3 милиони фунти, поставувајќи го клупскиот рекорд за највисока такса платена за странски играч. Првиот натпревар за новиот тим го имал на 12 февруари 1996 година во победата со резултат од 0-1 на гостински терен против лондонскиот клуб и ривал Тотенхем Хотспур. Ударот на Славен Билиќ бил одбранет од страна на голманот на екипата на Тотенхем, Јан Вокер, но одбиената топка стигнала до соиграчот на Билиќ Дани од екипата на Вест Хем. Дани бил уште еден нов играч во тимот и тој успеал одбиената топка да ја пренасочи во голот на екипата на Тотенхем.
Билиќ за време на претстојот во екипата на Вест Хем постигнал вкупно три гола, два во Премиер лигата против екипата на Ливерпул и составот на Сандерленд, и еден во Лига купот против екипата на Барнет. Голот против составот на Барнет го постигнал со глава по изведен казнен удар од корнер од страна на соиграчот Стен Лазаридис. Тој гол воедно бил негов прв постигнат гол за составот на Вест Хем. Славен одиграл само 13 натпревари во сезоната 1995-1996 и дури 41 натпревар во сезоната 1996-97. Во таа сезона тој ја освоил втората награда за најдобар и најкорисен играч на тимот веднаш зад соиграчот Џулијан Дикс. Таа награда популарно го носи името Чекан на годината. Екипата на Вест Хем е позната како екипа со прекар „Чекани“.
Во месец март 1997 година, тренерот на екипата на Евертон, Џо Ројл посредувал во трансферот кој изнесувал четири и половина милиони фунти за да премине во новиот тим, меѓутоа Славен Билиќ рекол дека има договор за лојалност кон екипата на Вест Хем за да остане во клубот до крајот на сезоната и така да му помогне, за да се осигура дека нема да испадне од Премиер лигата. Таа сезона екипата на Вест Хем на крајот завршила на 14то место и тоа само два бода над местата кои водат во понизок ранг на натпреварување.
Евертон Славен Билиќ преминал во екипата на Евертон во месец август 1997 година, откако се уверил во целосната поддршка на новиот тренер на тимот Хауард Кендал. Тој на почетокот внел голема сигурност во последната линија на одбраната на тимот, но неговата сезона била нарушена поради неколку пропуштени натпревари поради суспензија.
По неговите напорни настапи на Светското првенство во фудбал во1998 година, тој се здобил со преголемо напрегање на делот на препоните што барало одмор и соодветен третман. Тој заминал дома во Хрватска и таму решил да изврши рехабилитација. Откако ја пропуштил првата четвртина од сезоната, Билиќ бил во дилема дали да се врати во тимот на Евертон кој во тој период добил нов тренер во името на Волтер Смит. Билиќ сепак одлучил да се врати во тимот каде покажал добра форма, но никогаш не можел целосно да се наметне со своите игри поради честите повреди и суспензиите.
Екипата на Евертон го ослободила Славен Билиќ во месец јули 1999 година.
Сплит Хајдук Два дена откако бил ослободен од екипата на Евертон, Билиќ се пријавил во неговиот матичен клуб Хајдук од Сплит, каде што во краток временски период настапувал сѐ до неговото пензионирањето. Тој го предводел тимот на Хајдук и тоа како капитен до нивниот прв трофеј по пауза од пет години, освојувајќи го Купот на Хрватска.
Репрезентативна кариера Славен Билиќ својот прв репрезентативен настап го имал на 5 јули 1992 година во пријателски натпревар против репрезентацијата на Австралија, во кој неговата екипа загубила со резултат од 1:0 на стадионот Олимпик Парк во Сиднеј.
Билиќ настапил на Светското првенство во 1998 година со екипата на Хрватска, каде репрезентацијата била големо изненадување на турнирот, стигнувајќи до полуфиналето каде загубила од домаќинот, селекцијата на Франција. Репрезентацијата на Хрватска на крајот го освоила третото место по победата во крајниот натпревар.
Славен Билиќ бил вклучен во доста полемики за време на турнирот и тоа особено за улогата што ја одиграл при досудениот црвен картон на францускиот дефанзивец Лоран Блан во полуфиналниот натпревар со составот на домаќинот Франција. Имено во одбраната на Хрватска бил досуден слободен удар, во кој Славен Билиќ го покривал францускиот дефанзивец Лоран Блан. Славен за време на дуелот го повлекувал дефанзивецот на Франција, а тој за да се ослободи го оттурнал од себе дефанзивецот на Хрватска при што дошло до допир со брадата и градите. Билиќ паднал на земја држејќи се за челото. Подоцна Билиќ признал дека целата ситуација ја одглумил и во моментот бил охрабрен од соиграчот Игор Штимац. Лоран Блан по таа ситуација бил исклучен и така го пропуштил финалето на Светското првенство поради добиената суспензија. Славен Билиќ за тој настан не се извинил, но во една ситуација рекол: „Се колнам, ако можам да го сменам тоа за да може Блан да игра во финалето, јас би го сторил тоа без размислување.“
Тренерска кариера
Почетните денови Како акционер во неговиот прв клуб од родниот град, Хајдук од Сплит, тој привремено се согласил да управува со клубот додека екипата не најде замена за тренерската позиција. Тој во една ситуација признал дека адреналинот за тенерска работа го добил по насоки откако патувал низ Европа и се сретнал со тренерите и великани на тренерската работа, Арсен Венгер од Арсенал и Марчело Липи од Јувентус.
Хрватска Билиќ бил назначен за селектор на сениорската репрезентација на Хрватска на 25 јули 2006 година, наследувајќи го Златко Крањчар по неуспешното Светско првенство во 2006 година. Негови помошници на тренерската клупа биле поранешните соиграчи Аљоша Асановиќ, Роберт Просинечки, Никола Јурчевиќ и Марјан Мрмиќ. Откако дошол на чело на тимот, една од неговите први активности била промоцијата на тројца играчи од тимот до 21 година: Едуардо да Силва, Лука Модриќ и Ведран Ќорлука, кои набрзо подоцна ќе доживеаат импресивен успех и ќе направат трансфери во Премиер лигата на Англија. Првиот официјален натпревар на тимот под водство на Билиќ бил во победата од 0:2 на пријателскиот натпревар во градот Ливорно против репрезентацијата на Италија, додека првиот официјален натпревар на Билиќ бил на нерешениот натпревар без голови во Москва против селекцијата на Русија и тоа на отворањето наквалификациите за ЕП 2008. Многумина го критикувале овој резултат, бидејќи сметале дека суспензијата која ја изрекол Славен Билиќ против репрезентативците Даријо Срна, Ивица Олиќ и Бошко Балабан. Имено до таа суспензија дошло кога тројцата играчи се оддалечиле од кампот на три дена пред натпреварот и заминале во ноќниот клуб Фонтана во Загреб. Веројатно за тој немил настан никој немало да дознае, но дошло до престрелка пред локалот и полициска интервенција го открила целиот настан поврзан со фудбалерите.
Понатаму во квалификациите за ЕП 2008, тој ја предводел Хрватска со голем успех и во групата составена од Англија, Русија, Израел, Македонија, Естонија и Андора. Билиќ успеал да ја одведе својата Хрватска до првото место во Групата Е. Особено биле важни двете победи против репрезентацијата на Англија на домашен и на гостински терен, која пак по втор пат не се успеала да се квалификува на претстојното првенство. Англиската федерација поради тој неуспех го отпуштила нивниот тренер Стив Мекларен. мини|Билиќ на презентација на новиот комплет-опрема на Хрватска, месец април 2010 година