Одрекувањето на Свети Петар — слика од 1660 година на Рембрант, сега во Државниот музеј во Амстердам. Го прикажува одрекувањето на Петар, настан од Страдањата на Исус.
По Тајната вечера, Исус е уапсен и одведен во куќата на првосвештеникот Кајафа на судење од Синедрионот. Апостол Петар тргнал по Исус, каде што една слугинка го препознала како еден од Исусовите следбеници. Петар во бела наметка го покажува своето одрекување, а лево се прикажани двајца вооружени чувари. Во позадина, Христос гледа преку неговото рамо додека го водат до дворот на Пилат.Rijksmuseum
Сликата е со големина 154 х 169 см. Потпишана е и датирана со „Рембрант 1660“.Rijksmuseum
Рембрант никогаш не патувал во Италија, како што правеле многу негови современици. Затоа се смета дека темите како што е Одрекувањето ги третирал во голема мера според графиките базирани на странски дела. Во овој случај има две гравури, и двете базирани на слики на фламанскиот уметник Жерар Сегерс, кои имаат влијание на Одрекувањето на Рембрант. Првата е од Шелте а Болсверт,British Museum втората гравура е од Џовани Антонио де Паоли.
Откако поминала низ рацете на неколку колекционери и дилери на уметнички дела во Холандија, а потоа и во Франција, сликата ѝ била продадена со 118 други уметнички дела на Катерина II од Русија во 1781 година. Останала во колекцијата на музејот Ермитаж во Санкт Петербург додека не била продадена тајно со други дела од владата на Советскиот Сојуз. Била купена од музејот Ријкс во Амстердам во 1933 година.Rijksmuseum
Наводи
Библиографија Roberta D'Adda, Rembrandt, Milano, Skira, 2006.
Надворешни врски codart.nl
Категорија:Слики од Рембрант Категорија:Слики од 1660 година Категорија:Слики во Државниот музеј во Амстердам