Никола Гелевски, познат и под псевдонимот Пандалф Вулкански (1964, Скопје) — македонски уредник, писател, поет, преведувач и колумнист. лево|мини|Никола Гелевски - културен центар Точка (2003 - 2009)
Гелевски е директор и главен уредник на книгоиздателството Темплум (од 1990, од првите самиздатски изданија), со над 500 објавени изданија (од 1993) во десетина едиции: Магма (околу 140 книги), Лифт (17), 20/21 Век (околу 40), Катапулт (околу 30), Градот (околу 30), Во 5 кај вртелешките! (околу 20), Старо купувам (6), Триста ветрила! (15), Квир сквер (7), Модерна Македонија (6), Друга приказна (околу 20), итн.
- главен уредник на списанието за култура Маргина (94 објавени броеви од 1994-);
- главен уредник на списанието за стрип Лифт (12 објавени броеви од 1995 до 2000);
- основач на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис Новите! (2006-);
- основач на наградата за стрип Лифт (2018-);
- основач и главен уредник на порталот Окно (2009-);
- основач и главен уредник на Новогодишниот Темплум фестивал (2010-);
- основач и главен уредник на регионалниот книжевен фестивал Друга приказна (2016-)
Творештво Гелевски е автор на следниве објавени книги (прозните и поетските книги под псевдонимот Пандалф Вулкански):
Призрак против Сенка (постмодернизам за деца; проза, 1993);
Светулки и мракови (прилог за една критика на медиумите; 2002);
Контрапункт (принципи за една поинаква политика, 2004);
Архитортура и гробализација (текстови за градот, 2010);
Никола Груевски - 250 хаику (2011);
Скопски приказни од 2014 (кратки прози, 2011);
Фасадата ги јаде темелите (кратки есеи, 2012);
Текстилна поема (сликовница, со Ѓорѓе Јовановиќ, 2018);
Девет преобразби во чудната шума (песни, 2021);
Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022) во која се објавени три негови кратки раскази Под псевдонимот Пандалф Вулкански).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 155-159 и 360.
Панда во дрон (стрип-сликовница, со Ристо Аврамовски, 2022);
Пргавиот зајак (сликовница, со Будимка Поповска, 2023).
Колумнист Во периодот од 2009 година, па навака, Никола Гелевски работи и како колумнист во следните медиуми: „Форум" (1999-2001), „Утрински весник" (2001-2009), „Глобус" (2009-2011) и „Окно“ (2009-).
Антологии Постмодернизам (1993), Руб Голдберг - Инвенции (1993), Азбучник на најнеобичните антички митови (1994), Ден во Скопје (24 скопски раскази, со Лидија Капушевска-Дракулевска, 2002), Приказни за смртта и љубовта (мала антологија на светскиот расказ, 2004), The Onion (сатирични текстови, 2004), Галерија на откачената страна - Гери Ларсон (карикатури, во две книги, 2005), Крадат град! (текстови за СК014 од 14 автори, 2010), Неред и гротеска (текстови за СК014 од 13 автори, 2010), Птици врз кои ноќта и денот се делат - Блаже Конески (стоте песни, 2014), Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми - Славко Јаневски (избор од поезијата, 2014), „Како така? Зошто така?“ Сè да знае светов сакал!“ - Славко Јаневски (песните за деца, 2014), Што е груевизам (зборник текстови, 25 автор/к/и, 2015), Суфиски приказни (2017), Десетте најдобри раскази на светот (2019), Лавиринт - Влада Урошевиќ (избор од поезијата, 2019), Концерт за мирис и оркестар - Лилјана Дирјан (избор од творештвото, 2020), Велалучка колиба, под Водно - Огнен Чемерски (2017), Дванаесет македонски фотограф/к/и (со Драги Неделчевски, 2019), Свирачиња/Кома - Сто насловни страници на „Окно“ (2019), Гајле Cinema - Тања Аждаја (2019), Попреченост (текстови за инвалидните тела, 2021), Феминистички народни песни (сликовница, 2022), Македонскиот афоризам (во Маргина 94, 2022), Џинџуџе во земјата на афионите, со Владимир Мартиновски, 2022)
Преводи Гелевски ги има преведено следниве дела: Плас и Плес - Вилхелм Буш (1993), Ѓаволов речник - Емброуз Бирс (1993), Марфиев закон - Артур Блох (1993), Соништа и денови - Немања Митровиќ (1994), Утопистика - Имануел Волерстин (со Кирил Цветков, 2002), Тајната интеграција - Томас Пинчон (раскази, со Жарко Јордановски, 2004), Посета на музејот - Владимир Набоков (раскази, со други преведувач/к/и, 2004), Ишмаил - Владимир Арсениевиќ (2005), Гласовите на времето - Џејмс Г. Балард (2007), Хансеновите деца - Огнен Спахиќ (2010), Глувци и мачки наопачки - Луко Паљетак (песни, 2015), Седам на сонце... - Лидија Дејвис (2017), Суфиски приказни (со Александра Бубевска, 2017), Чудесни апарати (Гвидо Тартаља, 2019), Јануари во жирафа - Дејан Алексиќ (2020), Цакум-пакум одело - Силвија Плат (2020), Your love is king - Еспи Томичиќ (2021), Попреченост (текстови за инвалидните тела, со други преведувач/к/и, 2021), Весело броење - Самуил Маршак (2022), повеќе десетици преводи (поезија, проза, теорија, уметност...) за списанието Маргина (од 1994) и за порталот Окно (од 2009-).
Граѓански активности Еден од основачите на здружението Контрапункт (1999), на културниот центар Точка (2003-2009), на групата ГЕМ (Граѓани за европска Македонија, 2008), на групата Плоштад Слобода (2010), на здружението Јадро (2012)... Член на УО на ФООМ (2002-2006).
Реализирани проекти Лабрис (стрип на околу 900 страници, заедно со Александар Станковски, 1992-1996; околу 400 страници се објавени во 12 броеви на списанието Лифт, 1995-2000);
Сурогати (450 картички во чест на Марко Цепенков; заедно со 25 уметници, 2006);
Ширење на маргините (со здружението Контрапункт, 2002-2005);
Слевање на маргините (со здружението Контрапункт, 2006-2009; главна цел на двата проекта: „промоција и ширење на принципите на децентрализација, демократизација и демонополизација /3Д/ на полето на културата и културната политика")
Награди Добитник на наградата „Борјан Таневски" за 2007 (за „најпроминентен колумнист на годината")
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Родени во 1964 година