Даниел Амартеј (роден на 21 декември 1994 година, во Акра) — гански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Бешикташ и на репрезентацијата на Гана.

Клупска кариера Почетоци и Јургорден Амартеј започнал да игра фудбал во тогашниот второлигашки клуб во Гана, Интернешнл Алајс, каде што бил забележан како шеснаесетгодишник од Магнус Персон кој бил на извидничко патување во Африка за време на неговата подготовка да ја преземе функцијата менаџер на Јургорден. Кога Персон станал тренер, тој ги обезбедил правата за трансфер на Амартеј на денот кога тој ќе наполни 18 години. За да помогне во подготовката на Амартеј за неговото идно трајно преселување во Шведска во 2013 година, клубот го донел на пократки временски периоди и во 2011 и во 2012 година, каде што можел да игра за тимот под 21 година.

Амартеј го направил своето деби во Купот на Шведска на 3 март 2013 година против Умео. Потоа го направил своето деби во лигата на воведниот натпревар од Алсвенскан 2013 на гостувањето кај Хелсинборг на 31 март. Амартеј бил пофален од медиумите за неговиот силен почеток на сезоната 2013, и странските клубови како Шалке 04 и Кајзерслаутерн почнале да го скаутираат. На 26 мај, тој го постигнал својот прв гол за клубот кога со глава го израмнил резултатот на 1-1 во финалето на Купот на Шведска кое Јургорден на крајот го загубиле од ИФК Гетеборг на пенали. По неговата прва сезона во шведската лига, иако само осумнаесетгодишник, Амартеј бил рангиран како 10-ти најдобар играч во лигата според весникот Expressen и 18-ти најдобар според Aftonbladet. Во ноември 2013 година, Амартеј потврдил дека е во преговори со Ливерпул за евентуална преселба во англискиот клуб.

Копенхаген Во јули 2014 година, Амартеј се преселил во ФК Копенхаген за надомест од 2,5 милиони евра плус бонуси. Своето деби во Суперлигата со данскиот клуб го имал на 20 јули во натпревар против Силкеборг. Во првата сезона со данскиот клуб го освоил Купот на Данска.

Лестер Сити На 22 јануари 2016 година, Амартеј се приклучил на Лестер Сити во трансфер вреден 6 милиони фунти, потпишувајќи договор на четири и пол години со клубот од Премиер лигата. Во неговата прва полусезона во Англија, Амартеј настапил само пет пати за Лестер Сити во Премиер лигата во сезоната 2015-2016 во која лисиците шокирачки за целиот свет ја освоиле титулата. Своето деби за Лестер го имал на 27 февруари 2016 година, во победата со 1–0 над Норич Сити.

Во сезоната 2016–2017, Амартеј станал редовен стартер во првиот тим по заминувањето на Н'Голо Канте како партнер на Дани Дринквотер на средината од теренот. Иако неговиот работен ритам приближно го изедначува со оној на Канте, сепак тој не можел на клубот да му ги понуди неговите навремени стартови и пресечени топки. На 14 септември 2016, го направил своето деби во Лигата на шампионите за Лестер во победата со 3–0 на гостински терен над Клуб Бриж во групната фаза. Амартеј го постигнал својот прв гол за Лестер на 17 декември 2016 година, израмнувајќи го резултатот на 2-2 во 88-мата минута на гостувањето кај Стоук Сити.

Во следните сезони, Амартеј се борел со разни повреди кои му пречеле да игра во континуитет забележувајќи многу малку настапи во сезоните 2017-2018 и 2018-2019, додека сезоната 2019-2020 ја пропуштил целосно без да одигра ниту еден натпревар поради повредата на глуждот.

Во сезоната 2020-2021, со два настапи придонел за освојувањето на ФА Купот, каде во финалето Лестер Сити го победил Челси со 1-0; Амартеј останал неискористена замена во тој натпревар. На почетокот на сезоната 2021-2022, Амартеј го одиграл целиот натпревар на позицијата централен дефанзивец во победата со 1-0 над Манчестер Сити во ФА Комјунити Шилд.

На 5 јуни 2023 година, по испаѓањето на клубот од Премиер лигата, било објавено дека Амартеј и уште шест првотимци ќе го напуштат клубот по истекот на нивните договори на крајот на месецот.

Бешикташ На 21 јули 2023, Амартеј потшишал за турскиот Бешикташ.

Репрезентативна кариера Во мај 2012 година, Амартеј го направил своето деби за репрезентацијата на Гана под 20 години во натпревар против Нигерија. Тој исто така бил избран да игра на Светското првенство за играчи под 20 години 2013, но Јургорден сакал да го задржи во Шведска, бидејќи турнирот се поклопил со сезоната Алсвенскан 2013. Во јануари 2015, Амартеј ги одиграл сите натпревари во групата за Гана на Африканскиот куп на нации, каде црните ѕвезди завршиле како вицешампиони.

Тој одиграл шест натпревари на Африканскиот куп на нации 2017, помагајќи и на Гана да заврши на четвртото место на турнирот. Неговите добри настапи довеле до тоа да биде избран во КАФ тимот на турнирот.

Откако поради повреда го пропуштил Африканскиот куп на нации 2019, своето трето учество на најсилниот континентален турнир во Африка, Амартеј го имал во Камерун во 2021 година. Сепак, на тој турнир Гана била едно од разочарувањата и си заминале дома уште после групната фаза со само еден освоен бод, а Амартеј настапил и во трите натпревари на својата репрезентација.

Во ноември 2022, Амартеј бил повикан во репрезентацијата за Светското првенство 2022.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012 Јургорден А 23 0 КШ 6 1 - - - - - - 29 1 2013 А 11 0 КШ 1 0 - - - - - - 12 0Вкупно Јургорден 34 0 7 1 - - - - 41 1 2014-2015 Копенхаген СЛ 29 3 КД 5 0 ЛШ+ЛЕ 3Во квалификациските кола.+6 1+2 - - - 43 6 2015-јан. 2016 СЛ 15 0 КД 2 0 ЛЕ 3 0 - - - 20 0Вкупно Копенхаген 44 3 7 0 12 3 - - 63 6 јан.-јун. 2016 Лестер Сити ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 5 0 2016-2017 ПЛ 24 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 8 0 КШ 0 0 35 1 2017-2018 ПЛ 8 0 ФАКуп+ЛК 2+4 0 - - - - - - 14 0 2018-2019 ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 10 0 2019-2020 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0 2021-2022 ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 ЛЕ+ЛК 4+5 1+0 КШ 1 0 40 1 2022-2023 ПЛ 20 0 ФАКуп+ЛК 2+2 0+0 - - - - - - 24 0Вкупно Лестер Сити 106 2 19 0 19 1 1 0 145 3Вкупно во кариерата 184 5 33 1 31 4 1 0 249 10

Титули Клупски Копенхаген Суперлига на Данска : 1 2015-2016 Куп на Данска : 2 2014-2015, 2015, 2016

Лестер Сити Премиер лига : 1 2015-2016 ФА Куп : 1 2020-2021 ФА Комјунити Шилд : 1 2021

Поединечни Гански фудбалер на годината: 2017

Наводи

Надворешни врски

Даниел Амартеј на soccerway Даниел Амартеј на transfermarkt Даниел Амартеј на espn Даниел Амартеј на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Копенхаген Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Гански фудбалери Категорија:Родени во 1994 година