Артур Никола Теат (роден на 25 мај 2000 во Лиеж) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ајнтрахт Франкфурт, на позајмица од Рен, и на белгиската репрезентацијата.

Клупска кариера Раните години Теат играл младински фудбал за Алијанса Мелен-Мишеру, Ојпен, Генк и Стандард Лиеж. Во категоријата под 14 години, тој играл како напаѓач во Ојпен. Во Генк, тој бил репозициониран како лево крило по доаѓањето на нов играч, по што се преселил на позицијата лев бек, а потоа и како централен дефанзивец. За време на неговиот престој во младинската академија на Генк, неговата иднина на моменти изгледала неизвесна и бил опишан како физички тежок играч, без финеси.

По три години играње во младинските категории на Генк, тој се приклучил на Стандард Лиеж каде што исто така се борел со редовниот играч од средниот ред, Дамјан Павловиќ, кој играл како лев бек во младинскиот тим за да го замени Теат. Наскоро се вратил во Генк, каде што тренирал со првиот тим за време на претсезоната 2019-2020 под водството на тренерот Феличе Мацу. По ова, сепак, Теат не успеал трајно да се пробие во првиот тим и бил деградиран и вратен во резервниот тим. Тој се вратил во Стандард во 2019 година, но едвај една година по неговото враќање, повторно го напуштил клубот.

Остенде Во летото 2020 година, Теат не гледал некој поголем успех во Стандард Лиеж, по што му било понудено пробно играње во Остенде. По една недела тренинг со првиот тим, тој успеал да го убеди германскиот тренер Александар Блесин во неговите способности. Блесин главно ја забележал неговата експлозивност и моќ, идеални за неговата висока линија со пет играчи и тактиката на Гегенпресинг. Претходно, Теат не можел да ги убеди Ломел или Лирс за време на пробите во тие клубови.

Во јули 2020 година, тој потпишал тригодишен договор со опција со Остенде. Теат го имал своето деби на 10 август 2020 година во белгиската прва дивизија А против Бершот, настапувајќи во стартниот состав. Заедно со Антон Танге прераснал во постојано централно бековско дуо во одбраната на Остенде. На 4 октомври 2020 година, тој го постигнал својот прв професионален гол, со глава на центаршут против Ројал Ексел Мускрон, ставајќи го неговиот тим во добра позиција пред нивната победа од 3–0.

За време на зимскиот трансфер период од сезоната 2020-21, во ФК Остенде добил понуда за Теат од 5 милиони евра од италијанскиот клуб од Серија А, Болоња, но белгискиот крајбрежен клуб одби. Во својата прва сезона во Остенде, тој успеал да се квалификува за европски плеј-оф, но на крајот пропуштил. Тој пропуштил само еден натпревар поради суспензија и четири натпревари поради повреда, играјќи ги во целост останатите 27 натпревари.

Во сезоната 2021-2022, Tеат не се појавил во текот на првите два натпревари во очекување на евентуален трансфер. На третиот натпревар од сезоната, тој се вратил во стартниот состав против Гент. На 22 август 2021 година, тој добил црвен картон на неговиот последен натпревар за Остенде против неговиот поранешен клуб Стандард. Теате за Остенде одиграл вкупно 40 официјални натпревари на кои постигнал само пет гола.

Болоња На 26 август 2021 година, Теат му се приклучил на клубот од Серија А, Болоња, на заем до крајот на сезоната, со последователна обврска за откуп за 5 милиони евра плус 1 милион во бонуси.

На 18 септември 2021 година, тој го направил своето деби за Болоња против бранителот на титулата Интер во четвртото првенството коло на Серија А. Тој влегол како замена во 74-тата минута при негатива од 6-0 и погодил со глава за да го постави конечниот резултат 6-1, дванаесет минути подоцна. Болоња ја започнала сезоната со одбрана со четворица, но откако примила дванаесет гола во три натпревари, тренерот Синиша Михајловиќ го започнал натпреварот против Лацио на 3 октомври со три одбранбени играчи позади, каде Теат играл од лево. Ова воедно бил и негов прв старт за клубот и во истиот тој придонел со асистенција и гол за победата од 3-0.

Теат одиграл позитивна сезона во дресот на Болоња, успевајќи да импресионира со 31 првенствен настап на кои постигнал два гола и забележал една асистенција.

Рен На 29 јули 2022 година, Теат се преселил во Рен, потпишѕвајќи четиригодишен договор со клубот, во трансфер вреден 20 милиони евра. Со тоа, тој станал најскапо платениот белгиски дефанзивец досега, надминувајќи го трансферот на Томас Вермален од Арсенал во Барселона во 2014 година вреден 19 милиони евра. Теат требало да го замени Најеф Агерд, кој заминал во текот на летото во Вест Хем Јунајтед.

Теат го направил своето деби за Рен започнувајќи во почетниот состав во натпреварот против Лорјан, во првиот натпревар на клубот за сезоната 2022–2023 во Лига 1. Дебито се покажало како вистински кошмар за него, бидејќи си постигнал автогол во 65-тата минута, кој се покажал како решавачки во поразот на неговата екипа со 1-0. На 21 август, Теат го постигнал својот прв гол за Рен во натпреварот против Ајачо, кога погодил со глава за да му донесе победа на својот тим од 2-1. Тој, исто така, постигнал гол и во своето деби во европските натпреварувања, затреесувајќи ја мрежата на АЕК Ларнака со удар од далечина во групната фаза на УЕФА Лига Европа. Рен го добил натпреварот со 2–1. Во јануари 2023, во победата на Рен со 1-0 над лидерот во првенството Париз Сен Жермен, Теат бил пофален за својот настап и пред се за начинот на кој го затворил Лионел Меси.

Ајнтрахт Франкфурт На 17 август 2024, Теат му се приклучил на Ајнтрахт Франкфурт, на заем до крајот на сезоната со опција за откуп.

Репрезентативна кариера Тој го добил својот прв повик во сениорскиот тим на Белгија за финалето на Лигата на нации на УЕФА во 2021 година.

Тој го направил своето деби на 16 ноември 2021 година во квалификациите за Светското првенство против Велс.

Статистика на кариерата Клупска статистика ''Статистиката е ажурирана на 17 октомври 2022. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 Остенде ПЛ 29+6 3+2 КБ 2 0 - - - - - - 37 5 авг. 2021 ПЛ 3 0 КБ 0 0 - - - - - - 3 0Вкупно Остенде 32+6 3+2 2 0 - - - - 40 5 2021-2022 А 31 2 КИ - - - - - - - - 31 2 2022-2023 Л1 35 4 КФ 2 0 ЛЕ 5 1 - - - 42 5 2023-2024 Л1 28 2 КФ 4 1 ЛЕ 8 0 - - - 40 3Вкупно Рен 63 6 6 1 13 1 - - 82 8 2024-2025 БЛ 8 0 КГ 1 0 ЛЕ 2 0 - - - 11 0Вкупно во кариерата 140 13 9 1 15 1 - - 164 15

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Белгија2021102022302023100202480Вкупно220

Наводи

Надворешни врски

Артур Теат на soccerway Артур Теат на transfermarkt Артур Теат на espn Артур Теат на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Ајнтрахт Франкфурт Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026