Драги Сетинов (роден на , во Скопје) — југословенски и македонски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Кариера Клупска кариера Кариерата ја започнал во 1981 година во Победа од Прилеп, со која одиграл само една сезона во која забележал 27 натпревари и постигнал еден гол. Во 1982 година, преминал во Вардар, каде одиграл пет сезони и забележал преку 100 настапи. Во 1986 година, се сели во Хајдук Сплит, за кој дебитирал на 10 август истата година во првенствениот натпревар против Риека. Веќе во првата сезона со клубот го освоил и својот прв трофеј во кариерата, Купот на Југославија, совладувајќи ја во финалето токму Риека по изведување на пенали. Во 1988 година го освоил Трофејот Били како најдобар играч избран од Слободна Далмација.’Bili’ živi vječno Во Хајдук останал до 1991 година, освојувајќи во својата последна сезона со клубот уште еден Куп на Југославија, овојпат после победа над во финалето со 1-0, во последното издание на натпреварувањето. Во 1991 година, заминал во грчкиот клуб Етникос Пиреја, каде ја одиграл својата последна сезона во кариерата.

Репрезентативна кариера Иако бил повикуван во репрезентацијата на Југославија, Сетинов никогаш не настапил за неа во официјален натпревар.Za i protiv regionalne nogometne lige

Титули Хајдук Сплит Куп на Југославија : 2 1986-1987, 1990-1991

Наводи

Надворешни врски

Драги Сетинов на soccerway Драги Сетинов на transfermarkt Драги Сетинов на tntsports

Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Македонски фудбалски тренери