„Тимочката буна“ (српски: Тимочка буна) – српски и југословенски филм од 1983 година, во режија на Жика Митровиќ, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Драгомир Бојаниќ - Гидра, Весна Чипчиќ и Данило Лазовиќ.Тимочка буна (пристапено на 30.11.2022)
Синопсис Дејствието на филмот се случува во средината на октомври 1883 година за време на големиот бунт против кралот Милан Обреновиќ. Лазар (го игра Самарџиќ) е учител во едно мало место во Тимочка Краина. Тој е вљубен во една млада Австријка, а покрај љубовта, нив ги поврзува и бунтовниот дух против неправдата и тиранијата. Од друга страна, неговиот брат Сибин (го игра Живојиновиќ) е кралски офицер кој е верен на кралот и на традицијата така што смета дека приклучувањето на брат му кон востанието е чекор против честа на семејството.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови од 1983 година Категорија:Филмови на Жика Митровиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Љубиша Самарџиќ Категорија:Филмови со Данило Лазовиќ Категорија:Филмови со Весна Чипчиќ Категорија:Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра Категорија:Филмови со Душан Јаниќијевиќ Категорија:Филмови со Ирфан Менсур Категорија:Филмови со Фарук Беголи Категорија:Филмови со Јелена Жигон Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови на Морава филм