Трат или праун () — габа од семејството на базидиомицетите. мини|Fomes fomentarius мини|Fomes fomentarius Тратот се развива на мртви или ослабени живи стебла на листопадни дрвја, особено често се среќава на бука. Телото му е конзолно со светлосива дебела и јака кора. Многу добро се прилепува на дрвото, па не е лесно да се отстрани. Во ширина достигнува до 50 cm, а во дебелина до 25 cm. Горната површина е концентрично брановидна, покриена со тврда кора до 2 mm, со кафеава боја. Долната површина (химениум) има сивобежова боја, мека е и потемнува на допир.Gljive Srbije i zapadnog Balkana. Uzelac B. BGV Logic Beogad, 2009 Спорите за расејување се овални, без израстоци. Под кората има мрк дел кој посебно се подготвувал и порано бил користен за потпал со помош на искра настаната со удар на огнило во кремен.

Живеалиште Паразитира на трули дрвја од бука, габер и топола, каде што може да има улога на разградувач.

Потекло на името Карл Лине прв ја проучувал.

Зборот fomentarius доаѓа од зборот fomentum, што значи палење оган.

Галерија

Наводи

Литература Мариновић, Р: Основи микологије и лихенологије, БИГЗ, Београд, 1973. Полер, А: Сакупљајмо јестиве гљиве, Свијетлост ЗУНС, Сарајево, 1991.

Надворешни врски БиоНет училиште http://www.rogersmushrooms.com/gallery/DisplayBlock~bid~5928~gid~.asp

Категорија:Столпчести габи Категорија:Нејадливи габи Категорија:Потпал Категорија:Дупчарки Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка Категорија:Габи на Азија Категорија:Габи на Африка