Андреја Андреевски - Јандре (, - , ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Основното училиште завршил во своето родно село, а потоа заминал на печалба во Белград. Во Белград работел како кафе-кувар во една кафеана се до 6 април 1941 година. По бомбардирањето на Белград, како и многу други Мавровчани, речиси поголем дел од патот до Маврово го изминал пешки. По враќањето во селото, станал член на воспитна група, а потоа и член на СКОЈ. Во работата на младинската и СКОЈ-евската организација, бил мошне активен. Задачите што му се поставувале навреме и без приговор rи извршувал. лево|мини|240x240пкс|Спомен плоча на загинатите мавровски партизани и цивилни лица, меѓу кои и Андреја Андреевски. Никудин Симевски често пати му поставувал задача да пренесува оружје, храна и други материјали, да одржува врски во селото и меѓу Маврово и соседните села. Непосредно пред палењето на Маврово, односно во август 1944 година, Андреја заминал во партизанските единици. Потоа стапил во Првата бригада и заминал на Сремскиот фронт. Неговите преживеани соборци го запомниле како многу добар другар и борец, по природа мирен, дисциплиниран, готов секому да му помогне.
Наводи
Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ