Хосе Марија Хименес (шпански: José María Giménez de Vargas; роден на 20 јануари 1995) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Атлетико Мадрид и на уругвајската репрезентација.
Сметан за еден од најдобрите одбранбени играчи на својата генерација, Хименес својата кариера ја започнал во татковината со Данубио, од каде потоа се преселил во Шпанија, потпишувајќи за Атлетико Мадрид пред почетокот на сезоната 2013–2014.
Постепено, тој се наметнал како прв избор во срцето на одбраната на Атлетико, играјќи најпрво во пар со сонародникот Диего Годин - од кои самиот Хименес вели дека многу научил - за потоа по неговото заминување да стане новиот лидер во последната линија на клубот. Во 12 сезони со Атлетико, освоил пет трофеи со клубот, вклучително и две титули во шпанското првенство.
На репрезентативно ниво, Хименес го направил своето деби за Уругвај во 2013 година и оттогаш ја претставувал земјата на три Светски првенства и четири изданија на Копа Америка.
Биографија Хименес е оженет со Регина Јафола, со која се забавувал уште од тинејџерските години. Тие имаат две деца заедно, Лаутаро и Лусијано.
Клупска кариера Данубио Роден во Толедо, Хименес го имал своето професионално деби за Данубио во уругвајската Примера Дивисион на 17 ноември 2012 година (кога менаџер бил Хуан Рамон Караско) против Ривер Плата во која тој започнал и ги одиграл сите 90 минути додека Данубио го загубил натпреварот со 2–0. thumb|left|Хименес (бр. 18) за време на неговото деби за Атлетико Мадрид во натпревар против Алмерија во 2013
Атлетико Мадрид На 25 април 2013 година, Хименес потпишал за шпанскиот клуб Атлетико Мадрид кој за него на Данубио му платил 900.000 евра. Хименес му се приклучил на Атлетико во сезоната 2013-2014, а своето деби за клубот го направил на 14 септември, започнувајќи во победата со 4-2 на домашен терен над Алмерија. И покрај тоа што тоа бил неговиот единствен првенствен настап за сезоната, на крајот од истата тој добил победнички медал, бидејќи Атлетико ја освоил првенствената титулата во Примера Дивисион - нивна прва по 18 години.
Хименес го постигнал својот прв гол за клубот на 6 декември 2014 година, отворајќи го резултатот во победата со 2-0 на гостувањето кај Елче за да го премести Атлетико на второто место. Тој, исто така, постигнал гол со глава против нивниот најголем ривал Реал Мадрид во победата на Атлетико со 2-0 во Купот на Шпанија во јануари 2015 година.
десно|мини|230x230пкс|Хименес (лево) во дуел со Фарфан од Локомотив Москва во натпревар од УЕФА Лига Европа. На 20 февруари 2019 година, Хименес го постигнал првиот гол во победата од 2-0 на домашен терен против италијанскиот шампион Јувентус за да му донесе предност на Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на УЕФА.
Во пресрет на сезоната 2019–2020, Хименес бил трет капитен на тимот, зад Коке и Јан Облак.
Во сезоната 2020-2021, Хименес ја освоил својата втора титула во шпанското првенство со Атлетико, придонесувајќи за истата со 21 настап. На 6 јануари 2021, во натпреварот од Купот на Шпанија загубен со 1-0 на гостувањето кај Корнелја, Хименес го одиграл својот 200-ти натпрвеар за Колчонерос.
Репрезентативна кариера лево|мини|270x270пкс|Хименес (горен ред, втор од десно) нареден за тимска фотографија за време на Светското првенство во фудбал 2014 Хименес учествувал на Светското првенство на ФИФА У-20 2013 за Уругвај, каде тимот завршил како второпласирана селекција зад Франција.
Тој дебитирал за сениорската репрезентација во квалификациски натпревар за Светското првенство 2014 против Колумбија на 10 септември 2013 година.
На 2 јуни 2014 година, Хименес бил именуван во тимот на Уругвај за финалето на Светското првенство на ФИФА 2014. 19-годишниот дефанзивец го направил своето деби на турнирот против Англија во вториот натпревар од групата на тимот, заменувајки го повредениот капитен Диего Лугано во победата од 2-1 за Ла Селесте. Тој продолжил да стартува во последниот натпревар од групата – победата со 1–0 над Италија – и поразот од 2–0 од Колумбија во осминафиналето.
Хименес го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 1–0 на пријателскиот натпревар против Јужна Кореја на 8 септември 2014 година. Во мај 2015 година, тој бил именуван во тимот на Уругвај за Копа Америка 2015 од тренерот Оскар Табарезс. На 20 јуни, тој го постигнал голот на Уругвај во ремито 1-1 со Парагвај, со што двата тима напредувале во нокаут фазата.
Во мај 2018, бил именуван во привремениот тим од 26 играчи на Уругвај за Светското првенство во фудбал 2018 во Русија. На 15 јуни, со изедначени 0–0, тој го постигнал победничкиот гол во последната минута од воведниот натпревар на Уругвај на Светското првенство против Египет.
Во март 2019 година, Табарес го вклучил Хименес во последниот тим од 23 играчи на Уругвај за Копа Америка 2019 во Бразил. Тој го постигнал израмнувачкиот гол во ремито на групата 2-2 со Јапонија во Порто Алегре, и бил единствениот Уругваец во Тимот на турнирот и покрај поразот во четвртфиналето.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 декември 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 ПД 16 0 - - - - - - - - - 16 0 2013-2014 ПД 1 0 КШ 2 0 ЛШ 0 0 СШ 0 0 3 0 2014-2015 ПД 20 1 КШ 4 1 ЛШ 4 0 СШ 0 0 28 2 2015-2016 ПД 27 1 КШ 2 0 ЛШ 8 0 - - - 37 1 2016-2017 ПД 17 0 КШ 6 1 ЛШ 6 0 - - - 29 1 2017-2018 ПД 23 1 КШ 3 1 ЛШ+ЛЕ 4+7 0 - - - 37 2 2018-2019 ПД 21 0 КШ 2 0 ЛШ 5 2 СУ 1 0 29 2 2019-2020 ПД 21 0 КШ 0 0 ЛШ 5 0 СШ 1 0 27 0 2020-2021 ПД 21 0 КШ 1 0 ЛШ 4 1 - - - 26 1 2021-2022 ПД 24 1 КШ 1 0 ЛШ 7 0 СШ 1 0 33 1 2022-2023 ПД 28 2 КШ 3 0 ЛШ 5 0 - - - 36 2 2023-2024 ПД 22 0 КШ 3 0 ЛШ 7 0 СШ 1 0 36 0 2024-2025 ПД 14 0 КШ 0 0 ЛШ 5 1 СШ 0 0 19 1Вкупно Атлетико Мадрид 239 6 27 3 67 4 4 0 337 13Вкупно во кариерата 255 6 27 3 67 4 4 0 353 13
Репрезентација РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Уругвај2013302014122201510120165020179120188320191112020202021130202280Вкупно818
Титули
Примера Дивисион : 2 2013-2014, 2020-2021 Суперкуп на Шпанија : 1 2014 Лига Европа : 1 2017-2018 Суперкуп на Европа : 1 2018
Наводи
Надворешни врски
Хосе Марија Хименес на soccerway Хосе Марија Хименес на transfermarkt Хосе Марија Хименес на espn Хосе Марија Хименес на whoscored
Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014