Третата рунда на квалификациите за Светското првенство во фудбал 2022 - КОНКАКАФ, наречена Октагонал (за осумте репрезентации кои учествуваат) се одиграла од септември 2021 до март 2022 година. Канада (се квалификувала за прв пат од 1986 година), Мексико и САД се квалификувале за Светското првенство во фудбал 2022, додека Костарика се пласирала во плеј-офот меѓу конфедерациите. Во оваа рунда биле елиминирани Панама, Јамајка, Ел Салвадор и Хондурас.
Натпреварот на 16 ноември 2021 година помеѓу Канада и Мексико, одржан во Едмонтон, бил најстудениот натпревар одигран во историјата на мексиканскиот фудбал, кој започнал на -9 °C со силна снежна бура претходниот ден. Натпреварот го гледале 2,1 милиони гледачи во Соединетите Држави на денот на неговото оригинално емитување, со што станал најгледаниот спортски настан на Телемундо од финалето на Копа Америка во 2019.
Наводи