ЈУДГ „Ангел Шајче“ - објект „Кокиче“ ― детска градинка која се наоѓа во Куманово. Таа е огранок на главната градинка „Ангел Шајче“.
Особености Градинката „Кокиче“ е со површина од 814 м2 и дворна површина од 1246 м2 и е сместена во средиштето на Куманово на ул. „Среќко Пужаљка“ бр. 2. Градинката обезбедува услови за престој на децата од 2–6 годишна возраст. Во градбата функционираат четири воспитни групи – оддел градинка и три групи – целодневен престој за деца од училишна возраст (5, 8–10 години) на македонски јазик. Градбата има два влеза, еден заеднички за сите групи и вториот е економски влез.
Галерија
Поврзано Објект „Бубамара“ Објект „Детелинка“ Објект „Изворче“ Објект „Пчелка“ Објект „Развигорче“ Објект „Синоличка“ Објект „Славејче“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Детски градинки во Куманово