Ѓорги Тодоров Бечваров (1924 во Цапари, Битолско — април 1945 во Нова Пазова, Србија) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Ѓорги Тодоров Бечваров е роден во 1924 година во селото Цапари. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил во август 1944 година. Учествувал во многу борби што ги водела четиринаесетата македонска бригада на Сремскиот фронт. Зафатен од епидемијата на тифус умрел во Нова Пазова, во април 1945 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Луѓе од Цапари