Николо Фаџоли (роден на година, во Пјаченца) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина, на заем од Јувентус, и на италијанската репрезентација.
Клупска кариера Почетоците, Јувентус У23 и дебито за првиот тим на Јувентус Израснат во младинските тимови на прво и на потоа, во 2015 година се приклучил на младинската академија на . Своето професионално деби го направил на 26 август 2018 година со Јувентус У23, вториот тим на црно-белите, во ремито 2-2 со во Купот на Италија Серија Ц; последователно на 24 септември го направил своето деби во Серија Ц, во поразот со 4-0 на гостувањето кај Карарезе. Во текот на сезоната, тој останал во Примавера тимот на Јувантус и само повремено се приклучувал на тимот до 23 години, без да има дополнителни настапи за истиот: згора на тоа, во април 2019 година бил принуден привремено да престане да игра за да ја поправи сликата со доброќудната срцева аритмија.
Тој формално останува во редовите на Примавера и за сезоната 2019-2020, во која сепак ја зголемува својата минутажа со вториот тим особено во победничкиот пат во Купот на Италија Серија Ц, играјќи меѓу другото и како стартер во финалето во Чезена против . Следната сезона, тој бил трајно промовиран во тимот до 23 години: на 1 ноември 2020 година, го постигнал својот прв професионален гол, оној за конечни 1-1 во натпреварот од првенство против .
Во меѓувреме, во летото 2018 година, тој бил повикан за првпат да биде дел од првиот тим на Јувентус, иако неофицијално по повод претсезонските подготовки. На 27 јануари 2019, го добил првиот повик за некој официјален натпревар на првиот тим на Јувентус од тренерот Масимилијано Алегри, во пресрет на гостувањето кај во Серија А. Со зголемена зачестеност на повици во текот на сезоната 2020-2021, точно две години подоцна од својот прв повик во првиот тим, на 27 јануари 2021, тој го направил своето официјално деби за Јувентус под водството на тренерот Андреја Пирло, излегувајќи на теренот како стартер во победата со 4-0 над во Купот на Италија; последователно на 22 февруари го направил своето деби во првенството, заменувајќи го Родриго Бентанкур во текот на второто полувреме од победата со 3-0 на домашен терен против . На крајот од сезоната, тој можел да се пофали со успеси во Купот на Италија и Суперкупот на Италија.
Позајмицата во Кремонезе На 31 август 2021, тој се вратил во во Серија Б, на позајмица од Јувентус до крајот на сезоната. Дебитирал во втората италијанска лига на 12 септември во победата со 2-0 на домашен терен над , влегувајќи од клупата за резерви на местото на Паоло Бартоломеи во 55-тата минута. Својот прв гол за григиоросите го постигнал веќе во вториот настап, само седум дена подоцна од своето деби, погодувајќи ја мрежата на својот поранешен соиграч Џанлујџи Буфон по само три минути игра во победата со 2-1 на гостувањето кај . На 2 октомври 2021, тој асистирал за голот на Лука Ѕанимакија во победата со 2-0 над Тернана, а во следното коло бил одново стрелец во ремито 1-1 на гости против . Во сезоната 2021-2022, Фаџоли бил основна фигура во формацијата на тренерот Фабио Пекија со 33 настапи и 3 гола за Кремонезе, давајќи огромен придонес за промоцијата на клубот во Серија А за првпат после 26 години.
Враќање во Јувентус Во летото 2022 година, тој се вратил во Јувентус, овојпат трајно промовиран во редовите на првиот тим. Со скромна минутажа на почетокот од сезона, првиот настап за Јувентус во сезоната го имал на 3 сепрември против , влегувајќи како замена во последните минути на местото на Леандро Паредес. На 14 септември, дебитирал во Лигата на шампионите, во поразот со 1-2 на домашен терен од . На 29 октомври, како резултат на кризата со повредени играчи во Јувентус, Фаџоли добил шанса да игра цело второ полувреме во натпреварот на гостувањето кај ; во истиот тој натпревар го постигнал својот прв гол за Јувентус со прекрасен пласиран удар од косо, за победа на бјанконерите од 1-0. На 6 ноември, тој го постигнал вториот гол за Јуве во победата со 2-0 над во Дербито на Италија.
Репрезентативна кариера По настапите за неколку младински репрезентации на Италија,. на 23 септември 2021 година, тој го направил своето деби за селекцијата до 21 година, влегувајќи во последниот четврт-час на местото на Николо Ровела во натпреварот против врсниците од Луксембург во квалификациите за Европското првенство 2023.
На 16 ноември 2022, неколку дена подоцна откако го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Роберто Манчини, Фаџоли го направил своето деби за аѕурите во пријателски натпревар против Албанија.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 ноември 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Јувентус У23 Ц10КИ-Ц10------20 2019-2020 Ц 5+1Плејоф. 0 КИ-Ц 40------100 2020-2021Ц 19+1 2+0 --------202Вкупно Јувентус У23 25+2 2 50 -- --322 2020-2021 А 1 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 2 0 2021-2022 Кремонезе Б 33 3 КИ 0 0 - - - - - - 33 3 2022-2023 А 26 3 КИ 3 0 ЛШ+ЛЕ 2+6 0 - - - 37 3 2023-2024 А 8 0 КИ - - - - - - - - 8 0 2024-фев. 2025 А 17 0 КИ 0 0 ЛШ 4 0 СИ+Скп 1+0 0 22 0Вкупно Јувентус 52 3 4 0 12 0 1 0 69 3 фев.-јун. 2025 А 6 0 КИ 0 0 ЛК 2 1 - - - 8 1Вкупно во кариерата 117 8 9 0 15 1 1 0 142 9
Клупски Јувентус Куп на Италија Серија Ц : 1 2019-2020 Куп на Италија : 2 2020-2021, 2023-2024 Суперкуп на Италија : 1 2020
Наводи
Надворешни врски
Николо Фаџоли на soccerway Николо Фаџоли на transfermarkt Николо Фаџоли на ESPN Николо Фаџоли на tuttocalciatori Николо Фаџоли на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Кремонезе Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Италијански фудбалери