Финалето на Светското првенство во фудбал 2022 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство 2022 година. Ова било 22-ро финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кои се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на стадинот Лусаил Ајконик во Лусаил на 18 декември 2022 година.

Во финалето играле репрезентациите на Аргентина и Франција, а главен судија бил Шимон Марцињак од Полска.

Аргентина повела со 2-0 со головите на Лионел Меси од пенал и на Анхел Ди Марија и тоа бил резултатот на полувремето. Иако изгледале немоќно во поголемиот дел од натпреварот, бранителите на титулата се вратиле со два гола за помалку од две минути реализирани од Килијан Мбапе и натпреварот во регуларните 90 минути завршил нерешено 2-2 по што се играле продолженија. Во нив, Аргентина со уште еден гол на Меси повела со 3-2, но со хет-трикот на Мбапе, Франција изедначила на 3-3. По изведувањето на пенали, подобри биле аргентинците и победиле со 4-2.

Аргентина ја освоила својата трета титула на Светските првенства, станувајќи шампион за првпат по Светското првенство во 1986 година.

Стадион

Финалето се одиграло на стадионот Лусаил Ајконик во Лусаил, сместен околу 15 километри северно од центарот на градот Доха. Стадионот бил предвиден да биде домаќин на финалето уште за време на кандидатурата на Катар за организација на Светското првенство, а тоа било потврдено на 15 јули 2020 година. Стадионот претходно бил одреден да биде домаќин на девет други натпревари, од кои шест во групната фаза и три други нокаут натпревари.

Стадионот Лусаил, во сопственост на Фудбалскиот сојуз на Катар, бил изграден како дел од победничката кандидатура на Катар за Светското првенство. Стадионот бил дизајниран од британската фирма Foster + Partners и Populous, поддржано од MANICA Architecture. Стадионот се лади со помош на сончева енергија и се тврди дека има јаглерод нула. Изградбата започнала во април 2017 година, и било планирано да заврши во 2020 година. Завршувањето на стадионот сепак било одложено, за изградбата на крајот да заврши во ноември 2021 година. Стадионот првпат бил домаќин на некој фудбалски натпревар, во Суперкупот на Лусаил, одигран на 9 септември 2022 година.

Патот до финалето

Аргентина Рунда Франција Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат 1–2 Натпревар 1 4–1 2–0 Натпревар 2 2–1 2–0 Натпревар 3 0–1 Победник на Група Ц Табела на групата ЦНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320152+36 2.31112204 3.311123−14 4.310235−23 Завршен поредок Победник на Група Д Табела на групата ДНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320163+36 2.320134−16 3.31111104 4.301213−21 Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат 2–1 Осминафинале 3–1 2–2 Четвртфинале 2–1 3–0 Полуфинале 2–0

Натпреварот

GK 23Емилијано Мартинес RB 26Науел Молина CB 13Кристијан РомероCB 19Николас ОтамендиLB 3 Николас Талјафико DM 24Енцо Фернандес CM 7 Родриго Де Паул CM 20Алексис Макалистер RF 10Лионел Меси CF 9 Хулијан Алварес LF 11Анхел Ди Марија Замени:MF 8 Маркос Акуња DF 4 Гонсало Монтиел MF 5 Леандро Паредес FW 22Лаутаро Мартинес DF 6 Херман Пецелја FW 21Пауло Дибала Селектор:Лионел Скалони GK 1 Иго Лорис RB 5 Жул Кунде CB 4 Рафаел Варан CB 18Дајот УпамеканоLB 22Тео Ернандес CM 8 Орелиен ЧуамениCM 14Адријан Рабио RW 11Усман Дембеле AM 7 Антоан Гризман LW 10Килијан МбапеCF 9 Оливје Жиру Замени:FW 12Рандал Коло Муани FW 26Маркус Тирам FW 20Кингсли Коман MF 25Едуардо Камавинга MF 13Јусуф Фофана DF 24Ибрахима Конате DF 3 Аксел Дисаси Селектор:Дидје Дешан

Играч на натпреварот: Лионел Меси (Аргентина)

Помошни судии: Павел Соколницки Томаш Листкиевич Четврти судија: Исмаил Елфат Video assistant referee: Томаш Квиатковски Помошни VAR судии: Хуан Сото Кајл Аткинс Фернандо Гереро

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Светско првенство во фудбал 2022 Категорија:Спорт во Лусаил Категорија:Катар во 2022 година Категорија:Фудбалот во 2022 година Категорија:Фудбалски натпревари на аргентинската репрезентација Категорија:Фудбалски натпревари на француската репрезентација