Брезово (, до 1945 г. Брѣзово) — гратче во Јужна Бугарија, административен центар на општината Брезово во Пловдивската Област. Има население од околу 1.631 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа во подножјето на Срнена Средна Гора во на периферијата на Горнотракиската Низина. Брезово се наоѓа на 43 километри североисточно од регионалниот центар Пловдив и на 175 километри од главниот град Софија.

Историја Според официјалните документи, Брезово било основано во 1576 година. Во ерата на бугарската национална преродба, населбата играла посебна улога за целиот регион. Во 1837 година таму било изградено четирикласното светско училиште. Неколку години подоцна, во 1843 година, црквата „Свети Димитар“, денес споменик на културата, кој била живописана од дебарските мајстори.

Апостолот на бугарската слобода Васил Левски многупати го посетувал Брезово, пеел во црквата и одржувал состаноци на тајниот револуционерен комитет во старата учителска соба.

На 29 август 1969 година Брезово го добил статусот на град.

Надворешни врски Мрежно место на Општина Брезово

Категорија:Населени места во областа Пловдив