мини|Аптон Синклер Аптон Синклер (англиски: Upton Sinclair) ( – ) — американски писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се „Џунгла“, „Џими Хигинс“ и „Крајот на светот“.

На македонски јазик се преведени неговите книги: „Џими Хигинз“ („Култура“, 1950), „Кралот јаглен“ („Наша книга“, „Мисла“, „Култура“ и др., 1977) и „Забите на змејот“ („Арс студио“, 2017).

Влијание Во романот „Шунка на ’ржан леб“, Чарлс Буковски наведува дека првиот писател кој му оставил впечаток бил Аптон Синклер, кој користел едноставни реченици и пишувал со бес.Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 162.

Наводи

Категорија:Американски социјалисти

Категорија:Луѓе од Балтимор Категорија:Американски писатели Категорија:Американски публицисти Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Добитници на Пулицеровата награда