+ Благородни метали во периодниот систем H He Li Be B C N O F Ne Na Mg Al Si P S Cl Ar K Ca Sc Ti V Cr Mn Fe Co Ni Cu Zn Ga Ge As Se Br Kr Rb Sr Y Zr Nb Mo Tc Ru Rh Pd Ag Cd In Sn Sb Te I Xe Cs Ba

Hf Ta W Re Os Ir Pt Au Hg Tl Pb Bi Po At Rn Fr Ra

Rf Db Sg Bh Hs Mt Ds Rg Cn Nh Fl Mc Lv Ts Og   * La Ce Pr Nd Pm Sm Eu Gd Tb Dy Ho Er Tm Yb Lu ** Ac Th Pa U Np Pu Am Cm Bk Cf Es Fm Md No Lr Благороден метал — метален хемиски елемент кој не кородира и се среќава во природата во сиров облик. Златото, платината и другите метали од платинската група (рутениумот, родиумот, паладиумот, осмиумот, иридиумот). Среброто, бакарот и живата понекогаш се сметаат за благородни, макар што ова е поретко бидејќи тие во природата обично се среќаваат во комбинација со сулфур.

Разни полиња имаат различни дефиниции за благороден метал. Во физиката има само три благородни метали: бакарот, среброто и златото. Во забарството, среброто не важи за благороден метал бидејќи е подложно на корозија во устата. Во хемијата постои и поширока категорија на полублагородни метали — оние метални и полуметални елементи кои не реагираат со слаба киселина и не ослободуваат водороден гас во процесот. Тука спаѓаат бакарот, живата, технециумот, рениумот, арсенот, антимонот, бизмутот и полониумот, како и златото, шесте метали од платинската група и среброто.

__TOC__

Историја Поимот благороден метал почнал да се користи најдоцна кон крајот на XIV век.

Пред да објавувањето и усвојувањето Менделеевиот периоден систем во 1869 г., англискиот хемичар Вилијам Одлинг во 1864 г. објавил таблица во која заедно се групирани благородните метали родиум, рутениум, паладиум; платина, иридиум и осмиум,Constable EC 2019, "Evolution and understanding of the d-block elements in the periodic table", Dalton Transactions, vol. 48, no. 26, стр. 9408-9421 и ставени до среброто и златото.

Својства

Геохемиски Благородните метали се железољубиви. Тонат во Земјиното јадро бидејќи лесно се раствораат во железо како црсти раствори или стопени. Највеќето железољубиви елементи немаат никаков афинитет кон кислородот: златните оксиди се термодинамички нестабилни во однос на елементите.

Бакарот, среброто, златото и шесте метали од платинската група се единствените самородни метали кои се среќаваат природно во релативно големи количества.

Отпорност на корозија Бакарот се раствора во азотна киселина и водест калиум цијанид.

Рутениумот може да се раствори во царска вода, која е вискоконцентрирана мешавина од хлороводородна и азотна киселина, само во присуство на кислород, а пак родиумот мора да биде во фин прашест облик. Паладиумоти среброто се раствораат во азотна киселина, со тоа што растворливоста на среброто е ограничена од таложењето на сребро хлорид.W. Xing, M. Lee, Geosys. Eng. 20, 216, 2017

Ренинумот реагира со оксидирачки киселини и водород пероксид, и може да потемни на влажен воздух. Осмиумот и иридиумот се хемиски инертни во амбиентни услови.Parish RV 1977, The metallic elements, Longman, London, стр. 53, 115 Платината и златото се раствораат во царска вода.A. Holleman, N. Wiberg, "Inorganic Chemistry", Academic Press, 2001 Живата реагира со оксидирачки киселини.

Во 2010 г. американските истражувачи откриле дека органската „царска вода“ во облик на мешавина од тионил хлорид SOCl2 и органскиот растворувач пиридин C5H5N во голема мера ги раствора благородите метали при благи услови, а воедно е прилагодлива за одделним етали, на пр. да раствори злато, но не паладиум или платина.Urquhart J 2010, "Challenging aqua regia's throne", Chemistry World, 24 септември

Електронски Во физиката, изразот „благороден метал“ понекогаш е ограничен на бакарот, среброто и златото, бидејќи нивните целосни d-подобвивки имаат улога во нивниот карактер. За разлика од тоа, останатите благородни метали, особен од платинската група, наоѓаат значајна примена во катализата поради делумната исполнетост на d-подобвивките. Ова е случај со паладиумот, кој има целосна d-подобвивка во атомска состојба, но во кондензиран облик има делумно исполнет sp-појас за сметка на зафатеноста на d-појасот.

Разликата во реактивноста може да се забележи во подготовката на чисти метални површини во ултрвакуум: површините на „физички дефинираните“ благородни метали (на пр. златото) лесно се чистат и остануваат чисти долго време, а оние на платината и паладиумот многу бргу се прекриваат со јаглерод моноксид.S. Fuchs, T.Hahn, H.G. Lintz, "The oxidation of carbon monoxide by oxygen over platinum, palladium and rhodium catalysts from 10−10 to 1 bar", Chemical engineering and processing, 1994, V 33(5), стр. 363–369

Електрохемиски Стандардните редокс-потенцијали во воден раствор исто така се полезен начин за предвидување на неводната хемија на засегнатите метали. Така, металите со високи негативни потенцијали како натриумот и калиумот, ќе се запалат на воздух, образувајќи ги нивните оксиди. Овие пламени не можат да се изгаснат со вода, која исто така реагира со дадените метали и испушта водород, кој е експлозивен. За разлика од ова, благородните метали не се склони кон реагирање со кислород и затоа (и поради нивната реткост) се високовреднувани со иладници години, и од нив се изработува накит и монети.G. Wulfsberg 2000, "Inorganic Chemistry", University Science Books, Sausalito, CA, стр. 270, 937. + Електрохемиски својства на некои метали и металоидиЕлемент Г П Реакција СРП() ЕНЕА Злато ✣ 79 11 6 + 3 e− → Au 1,5 2,54 223 Платина ✣ 78 10 6 + 2 e− → Pt 1,2 2,28 205 Иридиум ✣ 77 9 6 + 3 e− → Ir 1,16 2,2 151 Паладиум ✣ 46 10 5 + 2 e− → Pd 0,915 2,2 54 Осмиум ✣ 76 8 6 + 4  + 4 e− → Os + 2  0,85 2,2 104 Жива 80 12 6 + 2 e− → Hg 0,85 2,0 −50 Родиум ✣ 45 9 5 + 3 e− → Rh 0,8 2,28 110 Сребро ✣ 47 11 5 + e− → Ag 0,7993 1,93 126 Рутениум ✣ 44 8 5 + 3 e− → Ru 0,6 2,2 101 Полониум ☢ 84 16 6 + 2 e− → Po 0,6 2,0 136 Вода 2  + 4 e− + → 4 OH− 0,4 Бакар 29 11 4 + 2 e− → Cu 0,339 2,0 119 Бизмут 83 15 6 + 3 e− → Bi 0,308 2,02 91 Технециум ☢ 43 7 6 + 4  + 4 e− → Tc + 2  0,28 1,9 53 Рениум 75 7 6 + 4  + 4 e− → Re + 2  0,251 1,9 6 АрсенМД 33 15 4 + 12  + 12 e− → 4 As + 6  0,24 2,18 78 АнтимонМД 51 15 5 + 6  + 6 e− → 2 Sb + 3  0,147 2,05 101 атомски број; Г група; П периода; СРП стандарден редокс-потенцијал; ЕН електронегативност; ЕА електронски афинитет✣ традиционално се смета за благороден метал; МД металоид; ☢ радиоактивен На соседната табела е прикажан стандардниот редокс-потенцијал во волти;G. Wulfsberg, "Inorganic Chemistry", University Science Books, 2000, стр. 247–249 ✦ Bratsch S. G., "Standard Electrode Potentials and Temperature Coefficients in Water at 298.15 K", Journal of Physical Chemical Reference Data, vol. 18, no. 1, 1989, стр. 1–21 ✦ B. Douglas, D. McDaniel, J. Alexander, "Concepts and Models of Inorganic Chemistry", John Wiley & Sons, 1994, стр. E-3 електронегативноста (преработена Полингова); и вредностите на електронскиот афинитет (kJ/mol) за некои метали и металоиди.

Упростените ставки во столбот за реакции можат поподробно да се прочитаат од Пурбеовите дијаграми за дадениот елемент во вода. Благородните метали имаат големи позитивни потенцијали; елементите кои не се прикажани на оваа табела имаат негативен стандарден потенцијал или не се метали.

Во приказот е вклучена електронегативноста бидејќи таа се смета за важен чинител на благородноста и реактивноста на металите.

Поради нивните големи електронски афинитети, вклучувањето на благороден метал (платина, злато и др.) во процесите на електрохемиска фотолиза ја зголемува фотоактивноста.;

Арсенот и антимонот обично се сметаат за металоиди наместо благородни метали. Меѓутоа, физички гледано, нивните најстабилни алотропи се метални. Полуспроводниците како селенот и телурот не се вклучени.

Поцрнувањето на среброто се должи на неговата чувствителност на сулфурводород:

2 Ag + H2S + O2 → Ag2S + H2O.

Според канадскиот хемичар Џеф Рејнер-Канам, среброто не треба да се смета за благороден метал бидејќи е многу пореактивно и има многу различна хемија од вообичаените благородни метали. Во забарството среброто не се смета за благороден метал поради тоа што кородира во устата.

Релевантноста на ставката за вода ја објаснуваат Ли и др. во контекст на галванската корозија. Таквиот процес се јавува само кога: „(1) два метала со различни електрохемиски потенцијали се...сврзани, (2) постои водена фаза со електролитот, и (3) еден од двата метала има...потенцијал помал од потенцијалот на реакцијата ( + 4e + = 4 OH•) кој изнесува 0,4 V...Металот со...потеанцијал помал од 0,4 V делува како анода...ослободува електрони...и се раствора во водната средина. Благородниот метал (со поголем електрохемиски потенцијал) делува како катода и, под многу разни услови, реакцијата врз оваа електрода начелно е − 4 e• − = 4 OH•).“

Супертешките елементи од хасиумот (елемент 108) до ливермориумот (116) се очекува да бидат „делумно многу тешки метали“; според хемиските иследувања, тој се однесува како неговиот полесен сродник осмиумот, а првичните иследувања на нихониумот и флеровиумот укажуваат на благородно поведение, но ова не е конечно утврдено. Поведението на копернициумот е делумно слично на неговиот полесен сродник живата и на благородниот гас радон.

Оксиди + Точки на топење на оксидите, °C Елемент I II III IV VI VII Бакар 1326 Рутениум р1300р75+ Родиум р1100? Паладиум р750 Сребро р200 Рениум 327 Осмиум р500 Иридиум р1100? Платина 450р100 Злато р150 Жива р500 Стронциум‡ 2430 Молибден‡ 801р70 АнтимонМД 655 Лантан‡ 2320 Бизмут‡ 817 р = се распаѓа; ако има два броја, вториот е захидрираниот облик; ‡ = не е благороден метал; МД = металоид

Уште во 1890 г. англискиот металуршки научник Артур Хајорнс го забележал следново:

„Благородни метали. Злато, платина, сребро и неколку ретки метали. Членовите на оваа класа речиси и да немаат склоност за соединување ос кислородот во слободна состојба, и кога ќе се стават во вода при црвена вжареност не го менуваат својот состав. Оксидите лесно се распаѓаат под дејство на топлина поради слабиот афинитет помеѓу металот и кислородот“.Hiorns AH 1890, Mixed metals or metallic alloys, стр. 7

Американскиот хемиски инженер Џулијан Смит во 1946 г. продолжува на истата тема: „Не постои реска граница [помеѓу „благородни метали“ и „базни метали“] но можеби најдобра дефиниција за благороден метал е метал чиј оксид лесно се распаѓа на температура под црвена вжареност.“

„Оттука следи дека благородните метали...немаат некоја привлечност за кислородот и затоа не оксидираат или обезбојуваат на умерени температури.“ Ваквата „благородност“ претежно е поврзана со релативно големата електронегативност на благородните метали, што води до слабо поларно ковалентно сврзување со кислородот. На табелата се прикажани точки на топење на оксидите на благородните метали, а за некои од неблагородните метали, за елементите во нивната најстабилна оксидациска состојба.

Каталитички својства Многу благородни метали можат да служат како катализатори. На пример, платината се користи во каталитичките претворачи, кои се уреди што ги претвораат токсичните гасови од автомобилскиот мотор (на пр. азотните оксиди) во незагадувачки супстанции.

Златото наоѓа мошне широка примена во индустријата, меѓу друготи и како катализатор во хидрогенирањето и водно-гасната реакција.

Поврзано Базен метал Скапоцен метал Благороден гас

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Благороден метал — Енциклопедија Британика Благородни метали — Голема руска енциклопедија

Категорија:Металургија Категорија:Хемиска номенклатура