Фредерик VIII (целосно име: Кристијан Фредерик Вилхелм Карл ; 3 јуни 1843 — 14 мај 1912) — крал на Данска од 29 јануари 1906 до неговата смрт во 1912 година.

Тој бил најстар син на кралот Кристијан IX, наречен Свекор на Европа, Фредерик бил поврзан со кралското семејство низ цела Европа. Бил наследник на данскиот престол, а како престолонаследник поминал повеќе од 42 години. За време на долгото владеење на неговиот татко (1863 – 1906), тој во голема мера бил исклучен од политичките работи. Учествувал во данско-германската војна во која Данска ги загубила војводствата Шлезвиг, Холштајн и Лауенбург.

По смртта на неговиот татко во 1906 година, стапил на престолот на 62-годишна возраст. Фредерик VIII бил либерален монарх, и за разлика од татко му бил многу поприфатлив за новиот парламентарен систем воведен во Данска во 1901 г., поради тоа што бил реформски настроен и благонаклонет кон демократијата. Меѓутоа, поради тоа што доцна застанал на престолот, владеењето на Фредерик траело само шест години, во чиј тек бил измачуван од кревко здравје.

Семејство Се оженил со принцезата Луиза од Шведска (1851 – 1926), со која имал осум деца:

Кристијан X (1870 - 1947) - престолонаследник и крал на Данска (1912 - 1947) Хокон VII (1872 - 1957) - дански принц и норвешки крал (1905 - 1957) Луиз од Шаумбург-Липе (1875 – 1906) - принцеза; се омажила со принцот Фридрих од Шаумбург-Липе во 1896 година Харалд (1876 – 1949) - дански принц; генерал мајор Инјеборг од Вестерготланд (1878 – 1958) - принцеза; се омажила во 1897 година со принцот Карл, војводата од Вестергетланд Тира (1880 – 1945) - данска принцеза; не се омажила и немала деца Густав (1887 – 1944) - дански принц; не се оженил и немал деца Дагмар (1890 – 1961) - принцеза; се оженил со Јорген Кастенскјолд во 1922 година

Наводи

Надворешни врски

Кралската лоза на веб-страницата на Данската монархија Фредерик VIII на веб-страницата на Кралската данска колекција во палатата Амалиенборг

Категорија:Дански монарси Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Гликсбурговци (Данска) Категорија:Починати во 1912 година Категорија:Родени во 1843 година Категорија:Статии со извори на дански (da) Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со извори на шведски (sv) Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Статии со извори на тајландски (th) Категорија:CS1: јулијанско-грегоријанска датумска несигурност Категорија:CS1-грешки: недостасува списание Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Статии со извори на јапонски (ja)