Сврдел за садење — машина што се користи за отворање дупки за садење садници на овошни дрвја, украсни и шумски дрвја.

Видови

Рачни сврдла Рачните сврдла можат да бидат без тркала (се опслужуваат од двајца работници), или едноосни со едноцилиндричен бензински мотор за садни дупки од 90 до 350 mm.

Тракторски сврдла Друга верзија е монтиран тракторски приклучок со сврдел кој продира до длабочина од 1 m и пречник од 150 до 800 mm. Погонот се постигнува преку приклучно вратило со 540 вртежи/мин., а моќноста на тракторот е 11-26 kW. Покрај поединечен сврдел, можно е и поврзување на блок од три сврдла со трактори со минимална моќност од 30 kW, со што се зголемува работниот учинок така што на добри почви може да се провртат 1000-1500 дупки на час.

Литература Грбић, М. (2010): Производња садног материјала – Технологија производње украсних садница. Универзитет у Београду. Београд

Категорија:Земјоделска машинерија Категорија:Хортикултура