Тоде Богдановски (, - , ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Потекнувал од селско сиромашно печалбарско семејство. Уште како млад, од почетокот на април 1937 rодина, заминал на печалба со својот татко во Белград и работел како ѕидарски работник.

Втора светска војна лево|мини|Споменик на НОБ во Никифорово, на кој се наоѓа и името на Тоде Богдановски. По капитулацијата на Кралство Југославија (6 април 1941 година), тој се вратил во своето село и повремено работел на одржување на патот Маврови Анови - Влајница како општ работник. Во почетокот на 1942 година бил примен во една од воспитните, а потоа и во една од скоевските групи во Никифорово. Како младинец и член на СКОЈ бил доста активен во прибирање на оружје, храна, доброволна помош во пари, како и чување и придружување на другари - илегалци - членови на Окружниот и Реонскиот комитет. Во август 1942 година бил примен за член на КПЈ. Како член на КПЈ станал уште поактивен и сите партиски задолженија ги извршувал навреме. Во заднинската работа во селото се наоѓал се до јуни 1943 година, односно се до неговото доброволно одење во партизани. Во прво време бил борец во партизанските одреди, а потоа во Македонско-косовската бригада. Како во партизанските одреди, исто така и во Македонско-косовската бригада, бил запаметен како добар и пожртвуван борец. Во една борба против германскиот окупатор близу Караорман во мај-јуни 1944 година, тој храбро загинал и не го дочекал конечното ослободување на Македонија.

Една улица во Гостивар, го носи неговото име.

Поврзано

Цвета Богдановска Перса Богдановска Ленка Богдановска

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ