Германската инвазија на Холандија ( ), позната и како Битка за Холандија (), била дел од Жолтиот план (), воен поход на нацистичката Германија за окупација на Ниските Земји (Белгија, Луксембург и Холандија) и Франција за време на Втората светска војна. Битката траела од 10 мај 1940 година до предавањето на поголемиот дел од холандските вооружени сили на 14 мај. Холандската армија во провинцијата Зеланд продолжила да пружа отпор на германскиот Вермахт до 17 мај по што Германија ја окупирала целата земја.
Инвазијата на Холандија била една од воени операции во која биле употребени масовни десанти со падобранци, кои требало да заземат тактичко важни точки и да помогнат во напредувањето на копнените трупи. Германскиот Луфтвафе употребил падобранци при заземањето на неколку аеродроми во околината на Ротердам и Хаг.
По разорното бомбардирање на Ротердам од Луфтвафе на 14 мај, Германците се заканиле дека доколку холандските сили одбијат да се предадат ќе бомбардираат други холандски градови. Холандскиот генералштаб знаел дека не може да се спротивстави на германските бомбардери и ѝ наредил на Холандската кралска армија да прекине со отпорот. Холандија била ослободена во 1945 година.
Заднина По германската инвазија на Полска во 1939 година, Обединетото Кралство и Франција ѝ објавиле војна на Германија, но потоа во Западна Европа, за време на периодот познат како Лажна војна (зимата 1939-1940 г.) немало некои поголеми воени копнени операции. На 9 октомври, Адолф Хитлер наредил да се направат планови за инвазија на Ниските Земји, за да се искористат како база против Велика Британија и за да се спречи сличен таков напад од страна на сојузничките сили, кој би можел да ја загрози виталната област Рур.Frieser (2005), p. 74 Холандија и Белгија на 7 ноември ја одбиле понудата за мир од Германија.
По германската инвазија на Полска во септември 1939 година и избувнувањето на Втората светска војна, Холандија се надевала дека ќе остане неутрална, како што била за време на Првата светска војна 25 години претходно.
Стратешката местоположба на Ниските Земји, меѓу Франција и Германија, значело дека стојат на патот за офанзива од двете завојувани страни. На 20 јануари 1940 година, во говор на радио Винстон Черчил се обидел да ги убеди Ниските Земји да не го чекаат неминовниот германски напад, и да се приклучат на Англо-француската Антанта.De Jong (1969b), p. 129 Белгија и Холандија го одбиле ова, иако по пад на германски авион во јануари 1940 година (инцидент од Мехелен), во белгиски раце паднале германските планови за нивен напад.De Jong (1969b), pp. 203–208
Германската инвазија на Норвешка и Данска, била проследена со предупредување од новиот јапонски капетан Тадаши Маеда дека е сигурно Германија ќе ја нападне и Холандија.De Jong (1969b), p. 254 Холандската војска увидела дека одржувањето на неутралност е невозможно. Почнале да се подготвуваат за војна, психички и физички. Холандските гранични трупи биле ставени во зголемена борбена готовност.De Jong (1969b), p. 251 Извештаите за наводните акции на Петтата колона во Скандинавија предизвикале стравување дека и во Холандија се инфилтрирани германски агенти со помош на домашни предавници.De Jong (1969b), pp. 254–256 Биле преземени контрамерки против можен напад на аеродроми и пристаништа.De Jong (1969b), pp. 256–258 На 19 април била прогласена вонредна состојба.De Jong (1969b), p. 258 Сепак, мнозинството граѓани сè уште ја негувале илузијата дека нивната земја ќе биде поштедена.De Jong (1969b), p. 392De Jong (1969b), p. 393 На 10 април, Британија и Франција го повториле своето барање Холанѓаните да се приклучат во војната на нивна страна, но повторно биле одбиени.De Jong (1969b), p. 249
На југ се претпоставувало дека Гребе линијата ќе може сама да ги одбие нападите. Сепак, претходната вечер германски моторизирани единици од 207-мата пешадиската дивизија стигнала до најјужниот дел од линијата Гребе.Amersfoort (2005), p. 266 Овој сектор бил избран како главна точка на напад на дивизијата. Околу три и пол часот утрото на 11-ти, германската артилерија започна да ги гранатира холандските позиции, по што во зори следел напад од два баталјони на Дер Фирер . Со гранатирањето биле прекинати телефонските линии, па холандските бранители не можеле да побараат артилериска поддршка. Одбраната била дополнително отежната со фактот што теренот сè уште не бил исчистен од вегетација, и нудел добра камуфлажа за напаѓачите.Amersfoort (2005), p. 269 Напладне бил пробиен крајниот север од линијата.Amersfoort (2005), p. 272 Помалубројните и недоволно вооружени чети пружале отпор колку што можеле, но до крајот на денот, сите пунктови биле во германски раце.Amersfoort (2005), p. 275
Битка
10 мај лево|мини| Десант на германски падобранци во Холандија на 10 мај 1940 година Утрото на 10 мај 1940 г, Германија ја започнала операцијата Жолт план и ги нападнала Холандија, Белгија, Франција и Луксембург, без да им објави војна (во случајот со Ниските Земји додека Франција веќе била во војна).
Веднаш по бомбардирањето, во периодот од 04:30 до 05:00 часот по локално време, падобранците слетале во близина на аеродромите. Холандската противвоздушна одбрана соборила многу транспортни авиони Ju 52 од Луфтвафе, а многу други биле уништени за време или по слетувањето. Во целата битка Германија загубила вкупно 224 Ju 52 авиони од 430-те ангажирани такви авиони од воздушните трупи.J.N. Fernhout, 1992, "Het verband tussen de Luftwaffe-verliezen in mei '40 en de Duitse invasieplannen voor Engeland", Militaire Spectator 161(8): 364-371 лево|мини| Запалени германски Јункери Ју 52 во Ипенбург Нападот на Хаг завршил со оперативен неуспех. Падобранците не можеле навреме да го заземат главниот аеродром во Ипенбург за воздушната пешадија безбедно да слета во нивните Јункери. Малиот помошен аеродром Окенбург бил слабо бранет и веднаш паднал во германски раце. Аеродромот во Фалкенбург исто така бил брзо окупиран. Но, пистата сè уште се градела, а подземната вода сè уште била на високо ниво: авионите што слетале таму потонале во меката почва. Затоа, ниеден од овие аеродроми не бил во можност да прими значително засилување за Германците. Конечно, падобранците го окупирале Ипенбург, но не успеале да напредуваат кон Хаг, патот им бил попречен од собраната холандска војска. Попладнето Германците биле растерани со артилериски оган.Amersfoort (2005), p. 197 Холандската артилерија, исто така, ги избркала германските окупатори од другите два аеродрома, а преостанатите воздушни трупи се засолниле во блиските села.Amersfoort (2005), p. 199 десно|мини| Германските загуби на аеродромот Ваалхавен беа ограничени Нападот на Ротердам бил многу поуспешен. Дванаесет хидроавиони со два вода војници, слетале во срцето на градот и ги растовариле јуришните единици кои го зазеле мостот Вилемсбруг.Amersfoort (2005), p. 341 Во исто време, воениот аеродром Ваалхавен, сместен јужно од градот - на островот Ајселмонд, бил нападнат од воздушните сили.Amersfoort (2005), p. 340 Холандските единици кои го бранеле аеродромот биле поразени. Германските војски, чиј број постојано растел, почнале да се движат кон исток за да го окупираат Ајселмонд и на крајот дошле во контакт со падобранците задолжени да го окупираат стратешки значајниот мост во Дордрехт. На Островот Дордрехт бил заземен мостот Дордрехт, но во градот холандските гарнизони успешно пружале отпор.Amersfoort (2005), p. 338 Германците ги зазеле долгите мостови над устието на Холандс Дип кои го поврзуваат островот со провинцијата Северен Брабант.Amersfoort (2005), p. 336
Германските дивизии почнале да се обидуваат да преминат преку реките Ајсел и Меза. Пешадиските дивизии ја преминале реката откако изградиле понтонски мостови.
Во меѓувреме, вечерта на 10-ти, околу 22:00 часот, на холандската граница почнале да пристигнуваат француски извиднички единици во оклопни автомобили Panhard 178. Оваа дивизија имала мисија беше да обезбеди контакт меѓу Вестинг Холандија и Антверпен.Amersfoort (2005), p. 230 Иако Германците бавно напредувале, полковникот Шмит во 20:30 наредил да се напушти позицијата на линијата Пил-Рам и неговите трупи да се вратат на запад и да постават нова линија кај каналот Зуид-Вилемсварт.Amersfoort (2005), p. 227
11 мај На 11 мај, холандскиот командант генерал Винкелман имал два приоритета. Пред сè, сакал да ги елиминира германските воздушни трупи. Вториот приоритет бил тесно поврзан со првиот: овозможување на француската армија да изгради силна одбранбена линија во Северен Брабант.Amersfoort (2005), p. 165 Винкелман на располагање имал ограничени ресурси за да влијае на овој процес.
Рано во текот на денот холандските баталјони направиле два обиди да извршат напад врз западното крило од германскиот периметар. Првиот баталјон, кој бил повлечен од белгиската граница, на две места делумно ја преминал Оуде Маас и се обидел да упадне на мостот кај Барендрехт во Ајселмонд;Amersfoort (2005), p. 345 вториот баталјон претходниот ден ја преминал Дордце Кил до островот Дордрехт.Amersfoort (2005), p. 346 Иако преминот бил успешен, трупите биле изненадени од германски контранапади и се разбегале. И другиот баталјон бил изненаден, при што многу војници биле заробени.Amersfoort (2005), p. 347
Во Ротердам, иако засилени со пешадиски полк, Холанѓаните не успеале целосно да ги отстранат германските воздушни трупи од мостот на северниот брег на Маас.Amersfoort (2005), p. 363
Во Северен Брабант, ситуацијата брзо се влошила. Француските команданти од 7-та армија очекувале дека холандскиот отпор на позицијата Меуз и Пил-Рам ќе им овозможи барем четири дена за да изградат одбранбена линија во близина на Бреда. Биле непријатно изненадени кога дознале дека трите најдобри холандски дивизии се преместени на север и дека преостанатите сили се веќе во целосно повлекување.Amersfoort (2005), p. 235 Винкелман, кога ја согледал општата холандска слабост во регионот, од британската влада побарал да испрати армиски корпус за да ги зајакне сојузничките позиции во областа и да го бомбардира аеродромот Валхавен.Amersfoort (2005), p. 164
Во меѓувреме, на север, Првата коњичка дивизија на Германците напредувала низ Фрисланд и вечерта стигнала до Сник. Повеќето холандски војници биле евакуирани преку Афслуитдијк.Amersfoort (2005), p. 320
12 мај Утрото на 12 мај, генералот Винкелман бил во умерено оптимистичко расположение.Amersfoort (2005), p. 168 Тој сè уште претпоставувал дека со помош на Французите може да се воспостави цврста одбранбена линија во Северен Брабант и со напредокот кој го очекувал сметал дека може да се елиминираат воздушните сили, но не знаел дека Германците ја пробиле линијата Гребе.Amersfoort (2005), pp. 171–172
Веднаш штом пешадиските сили ја пробиле фронтовата линија Пил-Рам, оклопната дивизија добила наредба да се поврзе со воздухопловните трупи. Бидејќи целиот холандски фронт се распаднал, имало поволни услови за тоа. Француските сили не можеле да го спречат тоа бидејќи германската 6-та армија го напаѓала нејзиното десно крило и немале време да подготват одбранбена линија. Втората француска бригада која пристигнала во Тилбург, се повлекла на југ. Исто така, 25-тата коњичка дивизија во Бреда не успеала да напредувапреку реката Марк на север. Извидувачките единици од 9-та панцирска дивизија, во зори, северно од Тилбург, го изненадиле полковникот Шмит и го заробиле. Холандските трупи во покраината со ова ја изгубиле сета обединета команда.Amersfoort (2005), p. 237 Веднаш по пладне, германските оклопни автомобили продреле триесет километри кон запад и стапиле во контакт со нивните трупи на мостот Мордајк, отсекувајќи ја тврдината Холандија од сојузничките војски.Amersfoort (2005), p. 238 Во 13:35 часот Гамелин наредил сите француски трупи во Северен Брабант да се повлечат во Антверпен, и да се ограничат само на давање поддршка од позадина.Amersfoort (2005), p. 243