За Трпе Блажевски од Скопско, прегледајте ја следната статија.

Трпе Блажевски - Трифко (, - ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.

Животопис лево|мини|269x269пкс|Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Трпе Блажевски. Бил роден во мoшнe cиpoмaшнo семејство. Уште во раното детство се запознал со сите тегоби на сиромаштијата. По завршувањето на основното училиште бил принуден на разни страни да аргатува за корка леб. Затоа, уште во првите денови на окупацијата, му пристапил на народноослободителното движење. Меѓу првите е примен за член на СКОЈ, а при крајот на 1942 година и за член на КПЈ. Тој предано и без приговор ги извршувал сите поставени задачи. Во текот на 1943 година, по одлука на партиската организација во селото, заминал во партизани. Бидејќи имал служено војска, тој бил еден од ретките борци кои биле запознати со воената вештина. Како борец на партизанските одреди, а подоцна и како борец на баталјонот „Мирче Ацев“, секогаш се истакнувал во борбите како храбар партизан. При враќањето на баталјонот „Мирче Ацев“ од Дебрца кон Крушево, тој тешко си ја повредил раката и бил оставен во заднината. Иако уште не заздравен заедно со уште двајца кичевчани - заднински работници тргнал кон партизанските единици. На патот биле опколени и фатени од контрачетниците, а потоа врзани и претепани им биле предадени на Бугарската војска во караулата Цер, кои ѕверски со стапови ги убиле.

Една улица во Кичево, е именувана по него.

Поврзано

Петре Блажевски

Наводи

Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна