Александар Михајлович Бутлеров (; – ) — руски хемичар, еден од главните творци на теоријата на хемиската структура (1857–1861) и првиот кој ги вовел двојни врски во структурните формули. Роден е во земјопоседничко семејство во Чистопољ, Казањска Губернија (денешен Татарстан). Се истакнал со повеќе откритија како хексаминoт (1859), формалдехидот (1859) и формозната реакција (1861). Прв ја предложил можноста за тетраедарскиот распоред на валентните врски во јаглеродните соединенија во 1862 г.

Во негова чест е наречен кратерот Бутлеров на Месечината.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Александар Бутлеров Бутлеров и теоријата на градбата — документарец на Леннаучфиљм, 1975

Категорија:Руски хемичари Категорија:Руски пронаоѓачи Категорија:Апсолвенти на Казањскиот универзитет Категорија:Редовни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Луѓе од Чистопољ