Пефлоксацин — кинолонски антибиотик кој се користи за лекување на бактериски инфекции.
Пефлоксацинот не е одобрен за употреба во САД.
Историја Пефлоксацинот е развиен во 1979 година и одобрен во Франција за човечка употреба во 1985 година.
Употреба Во април 2019 година, Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД достави писмо до здравствените работници, известувајќи ги за органичувањето на примената на флуорокинолонските антибиотици, во чија група спаѓа и пефлоксацин, „поради ризик од настанување на онеспособувачки, долготрајни и потенцијално иреверзибилни несакани дејства“. Нивната употреба е главно ограничена за тешки (и животозагрозувачки) бактериски инфекции за коишто употребата на вообичаено препорачаните антибиотици за таа инфекција се сметаат за несодветни во одредениот случај.
Механизам на дејствување Пефлоксацин е антибиотик со широк спектар на дејство кој е активен и против грам-позитивни и грам-негативни бактерии. Функционира со инхибиција на бактерискиот ензим ДНК гираза, тип II топоизомераза како и ензимот топоизомераза IV, ензим неопходен за раздвојување на реплицирана ДНК, со тоа инхибирајќи ја клеточната делба.
Несакани ефекти Тендинитис и кинење на тетивата (руптура), обично на Ахиловата тетива, се класни ефекти на флуорокинолоните, најчесто пријавени со пефлоксацин. Проценетиот ризик од оштетување на тетивата за време на терапијата со пефлоксацин, француските власти го процениле во 2000 година како 1 случај на 23.130 дена третман во споредба со ципрофлоксацин каде што се проценува дека е 1 случај на 779.600. За други несакани ефекти од користењето на флуорокинолони (во кои спаѓа и пефлоксацинот) видете ја статијата за флуорокинолони.
Наводи
Категорија:Пиперазини