Убивање на елен или Лов на елен - Плен (), ― многу голема уметничка слика (355 на 505 цм), претставувајќи ловечка сцена, насликана во 1867 година од Гистав Курбе. Сликата моментално е изложена во Музејот на ликовни уметности и археологија во Безансон.
Историја Сликата е направена во текот на зимата 1866-1867 година. Таа е во голем формат што бил ново применет од Курбе, како и во Погреб во Орнан и Ателјето на сликарот. Делото било изложено во француските уметнички салони и академии во 1869 година. Сликата предизвикала одреден скандал, а главните формати претходно биле резервирани за благороднички историски слики, наместо за сцени од лов.
Иконографија На сцената се гледа елен нападнат од глутница ловечки кучиња и паднат на снежната земја. Два лика се од десната страна. Обучувачот е Кизенје Жил, жител на Орнан, додека човекот на коњ е Феликс Годи, од Вијафан. Ловџискиот повик (француски: L'Hallali) е во традицијата на претставување на сценскиот лов, од XVII век. Курбе користи груба вистинита претстава поблиска до фламанските модели. Сцените со лов се вообичаени во сликите на Курбе; секој чекор од потерата е претставен
Влијанија десно|мини|236x236пкс| Масакрот на Хиос од Ежен Делакроа во Лувр. Има уште едно влијание во оваа слика, она на Масакрот на Хиос (1824) од Ежен Делакроа. Неговото влијание се одразува особено преку јавачот.
Наводи
Категорија:Слики од Гистав Курбе Категорија:Смртта во уметноста Категорија:Лов во уметноста Категорија:Коњи во уметноста Категорија:Кучиња во уметноста Категорија:Елени во уметноста Категорија:Збирки во Музејот за ликовни уметности и археологија во Безансон Категорија:Слики од 1867 година