Мери — населба и некропола од римското време. Во непосредната близина на селото, на десната страна на долот што минува низ него, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. На овој локалитет се откриени релјеф на Хигија и една мала мермерна глава на статуетка, најверојатно на Херакле, а на јужната страна на локалитетот се откриени гробови. Наодите се чуваат во Народниот музеј на Велес.

Поврзано

Багреми — населба од римско време

Наводи