мини|300п|Карта која ги прикажува подрачјата на историските покраини во Финска, вклучувајќи ги и нивните грбови; жолтите граници се границите на денешните региони во Финска. Историски покраини во Финска (, еднина historiallinen maakunta; , еднина historiskt landskap) — традиционални покраини во Финска кои денес немаат административна функција. Тие се наследство од заедничката историја на Финска со Шведска. По азбучен ред, деветте историски покраини се следниве: Исконска Финска, Карелија, Лапонија, Оланд, Остроботнија, Савонија, Сатакунта, Тавастија и Усима. Иако не постојат на официјално ниво, историските покраини сѐ уште се актуелни како традиционална поделба на земјата и се основа на денешната административна поделба на Финска.

Грбословие Погребот на шведскиот крал Густав Васа во 1560 година е значаен настан за грбословието на историските покраини во Финска. Грбовите на сите покраини за прв пат се прикажани заедно на погребот. Неколку од нив се доделени во пресрет на тој настан.

Грбовите на историските покраини се користени како основа за грбовите на современите административни единици во Финска.

Следува список на грбовите на историските покраини според финскиот хералдичар Ахти Хаммар, кој хералдички ги опишува во 1960-тите. ГрбИсториска покраина100пИсконска Финска100пКарелија100пЛапонија100пОланд100пОстроботнија100пСавонија100пСатакунта100пТавастија100пУсима

Литература

Надворешни врски Грбовите на историските покраини во Финска на Flags Of The World (FOTW)

Категорија:Историски покраини во Финска