Нина Чундева ( во — во ) — македонски филолог, русист и универзитетска професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за славистика.
Животопис
Чундева на Филолошкиот факултет била најпрвин лектор, а на крај стигнала до звањето редовна професорка.
Автор е на повеќе десетици статии од областа на русистиката и славистиката. Докторирала на темата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“, која најпрвин не била објавена. Соавтор е на руско-македонскиот речник од 1997 година.
Докторската теза била објавена како посебна книга во 2017 година.
Награди
Професорката го има добиено медалот „Пушкин“ за трајни вредности во образованието и руската култура, високо државно одликување на Руската Федерација за странски државјани. Медалот го доделува претседателот на Русија, а професорката Чундева го добила од страна на рускиот амбасадор во Македонија на самата промоција на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“.
Наводи
Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски русисти