Источна Македонија — географски регион во границите на Македонија кој се протега на исток од границата со Бугарија, на север до етногеографскиот регион Козјачија и општините Куманово и Крива Паланка (Северна Македонија), на југ до границата со Грција на планината Беласица и на запад до Повардарскиот регион (Средишна Македонија - Повардарие).

Географија Релјефно, во целиот регион планините и котлините припаѓаат на старите грамадни планини односно на родопскиот систем. Сите реки во регионот припаѓаат на егејското сливно подрачје, а најголема река во Источна Македонија е Брегалница. Други помали реки се Струмица, Злетовска Река, Крива Лакавица, Светиниколска Река, Кочанска Река, Оризарска Река, Зрновска Река и други.

Котлински целини во овој регион се: Струмичко-радовишка Котлина, Овче Поле, Кочанска Котлина, Делчевска Котлина и Малешевска Котлина, а на истата територија постојат и етногеографските области: Лакавица, Јуруклак, Радовишки Шоплук, Осоговија, Пијанец, Малешевија и Злетовска Река.

Највисоки планини во регионот се: Осоговски Планини (2.252 м.), Малешевски Планини со Влаина (1.932 м.), Беласица (1.881 м.), Плачковица (1.754 м.), Огражден (1.745 м.), Плавица (1.297 м.), Обозна (1.278 м.) и Конечка Планина (1.159 м.).

Историја Кон крајот на XIX и почетокот на XX век, за време на Отоманското Царство, регионот на Источна Македонија административно бил поделен на шест кази. Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов во неговата книга („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во шесте кази кои денес географски влегуваат во регионот на Источна Македонија имало 200.142 жители.

На табелата е прикажан бројот на население и националниот состав во Источна Македонија од 1900 година:Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900. КазаМакедонци хрис.Македонци мусл.ТурциАлбанциВласиЕвреиРомиостанатиВкупноШтипска22.492/25.675//800640/49.607Струмичка23.602/14.930//7001.650/40.882Кочанска20.736/11.820452.020/1.4022036.043Малешевска19.7518.605425///485/29.266Кратовска19.385/3.805/340/320/23.850Радовишка9.043/11.061///390/20.494ВКУПНО 123.61467.716452.3601.5004.88720200.142проценти61,7 %33,8 %0,02 %1,17 %0,74 %2,44 %0,00 %

Демографија Во географските граници кои ја определуваат територијата на Источна Македонија, се наоѓаат 417 населени места, од кои 12 градови и 405 села, поделени во 20 општини.

Во овој регион спаѓаат градовите: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Делчево, Виница, Пробиштип, Берово, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево. Најголем град во регионот е Штип со 43.652 жители, кој важи за регионален центар и главен град на Источниот плански регион. Со отворањето на универзитетот „Гоце Делчев“ во 2008 година, Штип претставува и единствениот универзитетски град во Источна Македонија.

Според пописот од 2002 година, во Источна Македонија биле запишани 338.458 жители и сочинуваат 16,7 % од вкупниот број на жители во Република Македонија. Што се однесува до поделбата на урбано и рурално население, 196.527 (58 %) живееле во градовите, а 141.931 (42 %) во селата. Просечната густина на население изнесува 59,8 ж/км2. Особено мала густина има во Кратовско, Овче Поле, Злетовско и во подрачјето на јуручките села на Плачковица. А најголема густина на население е сконцентрирана во јужниот дел на регионот, поточно во Струмичката Котлина, каде што во градот Струмица и околните 74 струмички села живеат 92.625 жители (2002 г.) или 27,7 % од вкупното население во Источна Македонија и 4,57 % од вкупното население во Република Македонија.

Села со над 2.000 жители во регионот се: Ново Село-Струмичко (2.756 ж.), Куклиш (2.532 ж.), Злетово (2.477 ж.), Зрновци (2.221 ж.), Муртино (2.209 ж.), Василево (2.174 ж.) и Русиново (2.095 ж.).

Од етнички аспект, 311.286 или 91,9 % жители се Македонци, а останатото население претставуваат Турци, Власи , Роми, Срби и останати. Турците најмногу се застапени во областа Јуруклак, во Струмичко, Радовишко, Лакавичко и Штипско. Власите живеат во Штипско, Овче Поле, Кочанско и Лакавичко, а Ромите во најголем број живеат во градовите Штип, Кочани и Виница.

На табелата е прикажан бројот на население во регионот по општини, поделено по етнички групи: ОпштинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациостанатиВкупно1. Струмица50.25833.7541473185632054.6762. Штип41.670121.2722.1952.0742971126547.7963. Кочани35.472/3151.95119463/9738.0924. Радовиш23.75284.061271267115428.2445. Виница18.261/2721.23012132/2219.9386. Свети Николе18.005/81722387112918.4977.  Делчево16.6377122651435/4917.5058.  Пробиштип15.977637378914616.1939. Босилово13.649/49524/8/8414.26010. Берово13.335/9145962032713.94111. Василево9.958/2.09551415812.12212. Ново Село11.907//3/2522911.96613. Кратово10.231/8151133/1710.44114. Македонска Каменица8.055//14/24898.11015. Чешиново-Облешево7.455///304/17.49016. Пехчево4.737/357390212/195.51717. Карбинци3.200/72825412/164.01218. Конче3.009/521//3/33.53619. Зрновци3.247///132/23.26420. Лозово2.47135157/1222734122.858Вкупно311.2866514.3357.6022.9261.017681.159338.458 Според бројот на жители, најголема општина е Струмица, а најмала Лозово, додека според површина најголема територија зафаќа општината Берово, а најмала - Зрновци.

Според проценките на население, во 2018 година во овој регион живееле 331.703 жители.Државен завод за статистика, Население во Република Македонија на 31.12 по специфични групи на возраст, по пол, по општини, според промените во територијалната поделба во 2014 г., по години

Дијалекти На територијата на Источна Македонија егзистираат неколку дијалекти, кои се класифицираат во две наречја.

Дијалектите кои се дел од Југоисточното македонско наречје се: Штипско-кочански дијалект, Струмички дијалект и Малешевско-пирински дијалект.

Дијалекти кои се дел од Северното македонско наречје се: Овчеполски дијалект и Кратовски дијалект.

Манастири во Источна Македонија

„Св. Богородица-Елеуса“ - Вељуса „Св. Леонтиј“ - Водоча „Св. Антониј“ - Ново Село „Св. Архангел Михаил“ - Берово „Успение на Пресвета Богородица“ - Берово „Св. Гаврил Лесновски“ - Лесново „Св. Стефан“ - Конче Делчевски манастир - Делчево

Поврзано Источен Регион Јужна Македонија Западна Македонија Северна Македонија

Наводи

Категорија:Географија на Струмица