Фразата „морков и стап“ е метафора за употреба на комбинација од награда и казна за да се поттикне посакуваното однесување.

Во политиката, „морков или стап“ понекогаш се однесува на реалистичниот концепт на мека и тврда моќ. Во овој контекст, морковот може да е ветување за економска или дипломатска помош меѓу нациите, додека стапот може да е закана од воена акција.

Потекло Најраните наводи на англиски јазик кон фразата „морков и стап“ потекнуваат од автори во средината на 19 век, кои пишувале во врска со карикатурата или цртаните филмови од тоа време кои прикажувале трка меѓу јавачи на магариња, при што губитникот џокеј користел стратегија на тепање на својот коњ со „гранчиња од црн трн“ за да го поттикне да продолжи напред, додека победникот на трката седи во своето седло опуштен и го држи крајот од својот стап со мамка. Кај некои орални традиции наместо моркови се користеле репа како искушението на магарето. мини| „Европа 1916“, антивоен цртан филм на Бордмен Робинсон, кој ја прикажува смртта како мами изнемоштено магаре кон пропаст со морков означен со зборот „Победа“. Децении подоцна, идејата се појавила во едно писмо од Винстон Черчил, 6 јули 1938 година: „Така, со употреба на секој уред од стап до морков, изнемоштеното австриско магаре е форсирано да ја влече нацистичката количка на рид кој постојано се стрмнува."

Јужната полутопка се зафати за фразата во 1947 и 1948 година поради коментарите на австралиските весници за потребата да се стимулира продуктивност по Втората светска војна.

Најраните употреби на идиомот „морков и стап“ во широко достапните американски периодични изданија беше во изданието од 11 декември, 1948 година на Економист и во еден напис во весникот Дејли републик истата година во кој се дискутираше за економијата на Русија.

На германскиот јазик, како и на рускиот и на украинскиот, сродниот идиом се преведува како шеќерен леб и камшик.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

EconPapers апстракт за експеримент користејќи го овој модел „Морковот или стапот: награди, казни и соработка“

Категорија:Англиски изрази