Палеоцен ― геолошка епоха која траела од пред околу 66 до пред 56 милиони години. Тој е прва епоха од палеогенскиот период во кенозојската ера. Името потекнува од старогрчкиот збор палаиос () што значи „стар“ и еоценската епоха (кој следи по палеоценот), или во буквален превод „стар дел од еоценот“.
Во палеоценот се случиле два настана важни за историјата на Земјата. Кредо-палеогенското масовно изумирање, предизвикано од удар на астероид (ударот на Чикшулуб) и најверојатно вулканска активност (Декански стапици), кој го означува почетокот на палеоценот и убил 75% од видовите, меѓу кои најпознати се нелетечките диносауруси. Крајот на епохата бил означен со палеоценско-еоценскиот топлински максимум (ПЕТМ), кога настанале големи климатски промени при што во атмосферата и океанските системи биле ослободени околу 2.500-4.500 гигатони јаглерод, кој предизвикал нагол раст на просечната температура во светот и закиселување на океаните.
Во палеоценот, континентите од северната полутопка меѓусебе биле сè уште поврзани со копнени мостови; а Јужна Америка, Антарктикот и Австралија сè уште не биле целосно разделени. Карпестите планини биле во процес на издигнување, Америка сè уште не била споена, Индиската Плоча почнала да се судира со Азија, а во третиот по големина магматски настан во последните 150 милиони години се формирала северноатлантската магматска област. Во океаните, термохалинското кружење веројатно било многу поинакво од денешното, при што понирањето се случувало во Северниот Тихи Океан наместо во Северен Атлантик, а густината на водата претежно била контролирана од соленоста, а не од температурата.
Кредо-палеогенското масовно изумирање предизвикало пресврт кај растителните и животинските видови, при што претходно доминантните видови биле заменети со претходно невообичаени видови. Во палеоценот, глобалната просечна температура изнесувала околу , во споредба со денешните , на Земјата немало ледени покривки на половите, како и во претходниот мезозоик. Во такви услови, целата Земја била покриена со шуми - ги имало и на половите - но растителниот свет се одликувал со мала биоразновидност, а во шумите живееле претежно мали животни кои брзо се развивале за да ги искористат предностите од неодамна испразнетата Земја. Иако некои животни пораснале многу големи, повеќето од нив останале прилично мали. Во отсуство на големи тревопасни животни, шумите станале доста густи. Во палеоценот се појавиле цицачите, а најраните плацентарни и торбари цицачи се регистрирани од ова време, но повеќето палеоценски таксони имаат двосмислени афинитети . Зракоперките почнале да доминираат во отворениот океан.
Геологија
Граници алт=A dark brown slab of rock with a whitish stripe across the middle|лево|мини| Бела иридиумска лента (на средината) карпа од Вајоминг која ја означува гграницата меѓу креда и терцијар. Палеоценската епоха е временски интервал од 10 милиони години кој започнал по кредо-палеогенското масовно изумирање, со што завршил периодот креда и мезозојската ера и започнала кенозојската ера и периодот палеоген. Палеоценот е поделен на три доба: данско доба кое се протега од пред 66 до пред 61,6 милиони години (mya), зеландско доба кое го опфаќа периодот од пред 61,6 до пред 59,2 милиони години и танетско доба кое го опфаќа периодот од пред 59,2 до пред 56 милиони години. По него следи еоценот.
Границата меѓу креда и палеоген е јасно дефинирана во фосилните записи на многу места ширум светот со лента со висока содржина на иридиум, како и со празнини во фосилната флора и фауна. Иридиумот е редок метал на Земјата и може да се најде на површината на земјата во големи количини само по удари од големи метеорити. Општоприфатено мислење е дека ударот на астероид кој го формирал кратерот Чикшулуб (се пречник од 10-15 км) на полуостровот Јукатан во Мексиканскиот залив и вулканската активност во Декан Трап предизвикал катаклизмичен настан при преминот од креда во палеоген, и како последица на тоа исчезнале 75% од сите видови на Земјата.
Палеоценот завршил со палеоценско-еоценскиот топлински максимум, краток период на интензивно затоплување и закиселување на океаните предизвикани од масовно ослободувањето на јаглерод во атмосферата и океанските системи, што довело до масовно изумирање (од 30-50%) на бентосни фораминифери - планктонски видови кои се користат како биоиндикатори за здравјето на морскиот екосистем - еден од најголемите во кенозоикот. Овој настан се случил пред околу 55,8 милиони години и бил еден од најзначајните периоди на глобални промени за време на кенозоикот.
Минерални депозити мини| Палеоценскиот јаглен се ископува во рудникот Серехон, најголем површински рудник на светот За време на палеоценот се формирале неколку важни наоѓалишта на јаглен, басенот Паудер Ривер во Вајоминг и Монтана, од каде се ископува 43% од американскиот јаглен; Вилкокс во Тексас; и рудникот Серехон во Колумбија, најголем површински рудник на светот. Јаглен од палеоценот се ископува на Шпицбершките Острови уште од почетокот на 20 век, а големи количини јаглен од доцниот палеоцен и раниот еоцен има во Канадскиот Арктички Архипелаг и северен Сибир. Во Северното Море, вкупните резерви на природен гас од палеоценот, во периодот на нивно откривање, изнесувале приближно 2,23 трилиони m3, а нафтените депозити биле 13,54 милијарди барели. Важни депозити на фосфат - претежно франколит - во близина на Метлауи, Тунис биле формирани во доцниот палеоцен и раниот еоцен.
Палеогеографија За време на палеоценот, континентите продолжиле да се движат кон нивната сегашна местоположба. На северната полутопка, поранешните делови од Лавразија (Северна Америка и Евроазија) биле поврзани со провлаци: Берингија (пред 65,5 и 58 милиони години) меѓу Северна Америка и Источна Азија, провлакот Де Гир (помеѓу 71 и 63 милиони години) помеѓу Гренланд и Скандинавија, провлакот Тулеа (помеѓу 57 и 55,8 милиони години) помеѓу Северна Америка и Западна Европа преку Гренланд, и провлакот Тургаи кој ги поврзувал Европа и Азија (кои инаку биле разделени со Протокот Тургај во тоа време).
Ларамидната орогенеза, која започнала во доцна креда, продолжила да ги издигнува Карпестите Планини; завршила на крајот на палеоценот. Поради ова и поради намалувањето на морското ниво како резултат на тектонската активност, Западното Внатрешно Море, кој во поголемиот дел од креда го делел континентот Северна Америка, се повлекол.
Пред помеѓу 60,5 и 54,5 милиони години имало зголемена вулканска активност во северноатлантскиот регион - третиот најголем магматски настан во последните 150 милиони години - по што се создала северноатлантската магматска област. Оваа вулканска активност можеби придонела за отворањето на Северен Атлантскиот Океан и ширењето на морското дно, оддалечување на Гренландската Плоча од Северноамериканската Плоча, и, климатски промени (ПЕТМ) што резултирало со големо ослободување на јаглерод.
Во палеоценот Северна и Јужна Америка биле и понатаму разделени со Средноамериканскиот Морски Пат, но островскиот лак (карипскиот лак) веќе бил формиран пред околу 73 милиони години. Големата карипска магматска област (денес Карипска Плоча) се движела на исток, а Северноамериканската и Јужноамериканската Плоча се туркале во спротивна насока поради отворањето на Атлантикот. Ваквото движење за 2,6 милиони години го подигнало Панамскиот Провлак. Карипската Плоча продолжила да се движи до пред околу 50 милиони години кога стигнала на својата сегашна местоположба. алт=Four maps depicting the separation of Madagascar from India|мини| Распаѓањето на Гондвана:А) Рана кредаБ) Доцна кредаВ) ПалеоценГ) Денес Делови од поранешниот континент Гондвана на јужната полутопка продолжиле да се оддалечуваат, но Антарктикот сè уште бил поврзан со Јужна Америка и Австралија. Африка се движела на север кон Европа, а Индискиот Потконтинент кон Азија, што на крајот ќе го затвори Океанот Тетис.
Одлики на океаните во палеоценот Во денешното термохалинско кружење, топлата тропска вода станува постудена и посолена на половите и тоне во Северниот Атлантик во близина на Северниот Пол и Јужниот Океан во близина на Антарктичкиот Полуостров. Во палеоценот, водните струи помеѓу Северноледениот Океан и Северниот Атлантик биле поограничени затоа што длабоката северноатлантска струја (NADW) и Атлантската меридијална превртена циркулација (AMOC) - која носи студена вода од Арктикот кон екваторот - сè уште не биле формирани. Поради ова, создавањето на длабоки студени струи сè уште немало во Северниот Атлантик. Арктикот и Атлантикот не биле поврзани со доволно длабока вода до раниот или средниот еоцен.
Антарктикот сè уште бил поврзан со Јужна Америка и Австралија, и поради тоа, антарктичката кружна струја (која ја држи студената вода околу континентот и го спречува навлегувањето на топлата екваторијална вода) сè уште не била формирана. Нејзиното формирање можеби е причина за замрзнувањето на континентот.
Клима Климата во палеоценот била слична како онаа во креда, тропска или суптропска,, а на половите била умерена и немало мраз. Просечната глобална температура била приближно . За споредба, просечната глобална температура во периодот од 1951 до 1980 година била степени.
Глобалната температура во морските длабочини во палеоценот веројатно се движела од 8 до , во споредба со денес.
Нивото на CO2 во атмосферата во Castle Rock, Колорадо било со средна вредност од 616 делови на милион (ppm).
Половите веројатно имале студена умерена клима; Северен Антарктик, Австралија, јужниот дел од Јужна Америка, она што денес се САД и Канада, источен Сибир и Европа имале топла умерена клима; средна Јужна Америка, јужна и северна Африка, Јужна Индија, Средна Америка и Кина имале сува клима; а северна Јужна Америка, централна Африка, Северна Индија, среден Сибир и денешниот регион околу Средоземно Море имале тропска клима.
Климатски настани По ударот од метеорит и вулканската активност која следела пред 66 милиони години, започнал период на студена клима, која не траела долго. По преминот од креда во палеоген климата се нормализирала во кратка временска рамка. Температурите под точката на замрзнување веројатно завршиле по 3 години а се враќале во нормала во рок од неколку децении, аеросолите на сулфурна киселина кои предизвикувале кисели дождови веројатно ги снемало по 10 години, а правта од ударот која ја попречувала сончевата светлина и ја инхибирала фотосинтезата би траела до една година иако можните глобални шумски пожари кои беснееле неколку години би ослободиле повеќе честички во атмосферата. Во следните половина милион години, разликата во односот <sup id="mwAko">13</sup>C / <sup id="mwAkw">12</sup>C веќе ја снемало.
Пред 65,2 милиони години во почетокот од данското доба значителни количини на јаглерод почнале да се акумулираат во длабоките слоеви на океаните и морињата. Ова траело околу 100.000 години. Од средината на мастришкото доба, се повеќе и повеќе јаглерод бил заробен во морските длабочини, веројатно поради глобалниот тренд на ладење. Потоа дошло до ослободување на овој јаглерод поради тоа што температурите во морските длабочини се искачила до одреден праг, а потоплата вода може да раствори помала количина на јаглерод. Во овој период, саваната ги заменила шумите.
Пред околу 62,2 милиони години, во доцното данско доба, имало глобално затоплување и започнало закиселување на океаните поврзано со зголемувањето на нивото на јаглерод. Ова продолжило во следните 200 000 години и предизвикало пораст на температурата низ целата водена колона за 1,6-2,8 °C. Настанот се совпаѓа и со вулканската активност во Атлантскиот Океан и Гренланд.
Пред 60,5 милиони години е забележан пад на нивото на морето, но бидејќи во тоа време немало ледници, ова се објаснува со зголеменото испарување на водата во атмосферата.