Убава Глава — археолошко наоѓалиште во прилепското село Чаниште. Претставува тврдина од средниот век.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 1 километар североисточно од селото, на надморска височина од 756 метри.

Опис

На површината има остатоци од бедемски ѕидови, градени од кршен камен и обработен камен од месно потекло, широки околу 1,5 метри. Во североисточниот дел се гледа дека тврдината имала три појаси и терасно се спуштала по падините на ритчето. Средишната градба се наоѓа на врвот од главата на зарамнетото плато.

Поврзано Бара — тумул од железно време; Богданова Нива — населба од доцноантичко време; Св. Петка — црква од средниот век; Анѓелески Ниви — праисториска некропола; Варошица — населба од римско време; Главицата — праисториска населба; Говедарникот — тумул од железно време; Голиот Рид — населба од доцноантичко време; Дашков Гроб — тумул од железно време; Ѓерамиди — населба од неолитско и бакарно време и тумул од железно време; Ѓуркоа Нива — тумули од железно време; Каменица — тумул од железно време; Кукулати Камен — праисториска населба; Лочката — тумули од железно време; Маленица — населба од доцноантичко време; Острилата-Маково — тумули од железно време; Острилата-Тапанот — тумул од железно време; Попов Нос — тумул од бронзено и железно време и раниот среден век; Преслапта — некропола од античко време; Простиот Камен — тумул од железно време; Пуров Дол — населба од доцноантичко време; Рамни Трла-Козарникот — средновековна црква; Ташова Ливада — населба од праисториско и античко време; Три Кладенци — осамен наод од античко време; Турски Ливаѓе — населба од римско време; Цветково Трло — некропола од античко време; Чакрева Корија-Чочка — тумули од железно време; Чука — тумули од железно време; Чаниште; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Чаниште