Остеогенезис имперфекта (ОИ, Osteogenesis imperfecta МКБ 10 Q78.0, Преваленца (распространетост): 1/20.000 - 50.000 новородени) е генетско нарушување на сврзните ткива и се одликува со неможност за синтеза или процесирање на колаген тип 1. Исто така, позната е и како болест на кршливи коски и се одликува со зголемена склоност кон настанување на фрактури и намалена коскена густина. Симптоми кои ќе се јават на скелетот но и на другите делови од телото - може да бидат благи до тешки. Други манифестации на болеста се појава на сини склери, низок раст, наглувост во возрасно доба, проблеми со дишењето и проблеми со забите (dentinogenesis imperfecta). Компликации кои потенцијално се опасни по живот вклучуваат: кинење ( дисекција ) на главните артерии, како што е аортата пулмонална валвуларна инсуфициенција секундарна на дисторзија на градниот кош ; и базиларна инвагинација.

Во повеќе од 90% од случаите, ОИ се јавува поради мутации во гените COL1A1 или COL1A2. Овие мутации може да бидат наследни на автосомно доминантен начин, но може да се појават и спонтано (de novo). Постојат четири клинички дефинирани типови: тип I, најмалку тежок; тип IV, умерено тежок; тип III, тежок и прогресивно деформирачки; и тип II, перинатално смртоносни. познато е дека 19 различни гени предизвикуваат 21 документирани генетски дефинирани типови на ОИ, од кои многу се исклучително ретки и се документирани само кај неколку поединци. Дијагнозата често се заснова на симптоми и може да се потврди со колагенска биопсија или секвенционирање на ДНК.

Иако не постои лек, повеќето случаи на ОИ немаат големо влијание врз очекуваниот животен век, смртта за време на детството од самата болест е ретка, и многу возрасни лица со ОИ можат да постигнат значителен степен на автономија и покрај попреченоста. Одржувањето здрав начин на живот со вежбање, балансирана исхрана доволна со витамин Д и калциум и избегнување на пушење може да помогне да се спречат фрактури. Генетско советување може да побараат оние со ОИ за да спречат нивните деца да го наследат нарушувањето од нив. Третманот може да вклучува акутна нега на скршени коски, лекови против болки, физикална терапија, помагала за подвижност како што протези за нозе и инвалидски колички, суплементација на витамин Д и, особено во детството интрамедуларна шипка. Интрамедуларни шипка се поставува по долгите коски (како што е бутната коска ) во обид да ја зајакнат. Медицинските истражувања, исто така, ја поддржуваат употребата на лекови од класата на бифосфонати, како што е памидронатот, за зголемување на густината на коските. Бифосфонатите се особено ефикасни кај децата, сепак не е јасно дали тие или го зголемуваат квалитетот на животот или ја намалуваат стапката на инциденца на фрактури.

ОИ се јавува кај 1 во 15.000 до 20.000 луѓе, што ја прави ретка генетска болест. Исходите зависат од генетската причина за нарушувањето (неговиот тип). Типот I (најмал тежок) е најчест, а другите типови опфаќаат мал број случаи. Last Update: February 3, 2019. Умерена до тешка ОИ првенствено влијае на мобилноста; ако операцијата со шипки се изведе во детството, некои од оние со потешки типови на ОИ може да стекнат способност за одење. Состојбата е опишана уште од античката историја. Латинскиот термин osteogenesis imperfecta бил измислен од холандскиот анатом Вилем Вролик во 1849 година; во буквален превод значи „несовршено формирање на коските“

Знаци и симптоми Постојат четири карактеристични клинички знаци, а тие се: намалена коскена маса, зголемена фрагилност на коските, сини склери, дентиногенезис имперфекта, наглувост. Други одлики се лигаментарната лабавост и зголемена мобилност на зглобовите, како и лесно повредување.

Ортопедски Главниот симптом на имперфектната остеогенеза се кревките коски со мала минерална густина ; сите видови на ОИ имаат одредена коскена инволвираност. Кај умерена и особено тешка форма на ОИ, долгите коски може да бидат искривени понекогаш и екстремно. Слабоста на коските предизвикува нивна лесно фрактура ; една студија во Пакистан открила во просек 5,8 скршеници годишно кај нелекувани деца.

Долгите коски кај овие пациенти се кратки и тенки, со многу истенчен кортекс. Често се забележуваат повеќе фрактури кои се во различна фаза на заздравување. Пубертетот има стабилизирачки ефект, како последица на хормоналните влијанија,но почнуваат повторно да се зголемуваат кај жените по менопаузата и кај мажите на возраст меѓу 60 и 80 години Многу е важно оваа состојба да се разликува од синдромот на „малтретирано дете“ во првата година.

Исто така, чест клинички знак е и сколиозата, и е тешка во првите две декади на пациентите, како и наглувоста која е последица на отосклерозата и се појавува во 40-тите години.

Зглобната хипермобилност е исто така чест знак на болеста,иако засегнатите гени се исти како оние што предизвикуваат некои видови на Елерс-Данлосов синдром.

Отолошки Веќе во 50-годишна возраст, околу 50% од возрасните кои страдаат од ОИ се соочуваат со значително губење на слухот, многу порано во споредба со општата популација. Губењето на слухот кај ОИ може но не мора да биде поврзано со видливи деформитети на коските и внатрешното уво. Губењето на слухот често започнува во текот на втората, третата и четвртата деценија од животот и може да биде спроводливо, сензоневрално или комбинација од двете („мешани“). Ако губењето на слухот не се појави до 50-тата година од животот, значително е помала веројатноста да се појави во годините потоа. Мешаното губење на слухот е најчеста кај оние со ОИ од сите возрасни групи, додека спроводливото губење на слухот најчесто ги погодува постарите луѓе, со сензоневрален губиток на слухот најверојатно да ги погоди децата.

Иако е релативно ретко, губењето на слухот поврзано со ОИ може да започне и во детството; во една студија на четириесет и пет деца на возраст од четири до шеснаесет години, откриена е оваа појава кај две , на возраст од 11 и 15 години. Во една друга студија од 2008 година, бил проверуван слухот на 41 лице со ОИ. Резултатите покажале дека 88% од оние над 20 години имале некаков вид на губење на слухот, за разлика од 38% од оние под 20 години.

Губењето на слухот најчесто се јавува кај типот I ; а поретко кај типовите III и IV. Други делови на внатрешното уво исто така може да бидат погодени од ОИ и да предизвикаат проблеми со рамнотежата ; сепак, само мали студии пронајдоа врски помеѓу вртоглавица и ОИ.ОИ може да го влоши исходот на медицинските третмани кои го коригираат губењето на слухот.

Покрај поврзаноста на ОИ со сензоневрален губиток на слухот, ОИ е поврзан со голем број невролошки абнормалности, кои обично го вклучуваат централниот нервен систем, поради деформитети во скелетните структури. Невролошките компликации, особено базиларната инвагинација, може негативно да влијаат на животниот век. Во ОИ, ова најчесто се должи на нагорна миграција на аксисот, одлика на C2 пршлен. Неврохирургија може да биде потребна за да се поправат тешките абнормалности кога тие го ризикуваат животот на пациентот или предизвикуваат големо страдање или неподносливи невролошки дефицити.

Системски Како што неговите биолошки причини се попрецизно утврдени, општо е прифаетно дека примарниот процес на болеста на ОИ се случува во коските,предизвикани од мутации на генот на колаген тип I - чие влијание е практично на сите органите на човечкото тело на некој начин.

Колагенот тип I може да се најде низ циркулаторниот и респираторниот систем : од коморите на срцето, до срцевите залистоци, до васкулатурата и тој е составен дел на сврзното ткиво на белите дробови. Како такви, кардиоваскуларните компликации како што се аортна инсуфициенција, аортна аневризма и артериски дисекции, понекогаш се коморбидни со ОИ, иако можат да се појават не се толку чести колку што се коморбидни на пример кај Марфанововиот синдром.

Смрта кај ОИ главно настанува како последица на респираторните заболувања. Најчест респираторен проблеми со кој се соочуваат е пулмоналната инсуфициенција која е предизвикана од проблеми во градбата на торакалниот ѕид. Сепак, инфекциите на респираторниот тракт, како што е пневмонијата, е пофатални кај оние со ОИ отколку кај другите луѓе. Кај оние со потешки деформитети на градниот кош, било откриено дека имаат полошо ограничување на белите дробови во истражување од 2012 година, во кое биле вклучени 22 италијански пациенти со ОИ типови III и IV, плус 26 незасегнати контроли.

ОИ а најмногу потешките форми како тип III - исто така имаат ефект врз гастроинтестиналниот систем. Откриено е дека е поврзано со рекурентна абдоминална болка и хроничен запек во две студии кој биле направени на пациенти заразени со ОИ. Хроничниот запек е особено чест,а појава отежнувајќи ја асиметрична карлица ( ацетабуларна испакнување ). Особено во детството, запекот поврзан со ОИ може да предизвика чувство на ситост и поврзано одбивање на храна, што може да доведе неухранетост.

Класификација Денес ОИ може да биде класифицирана според два системи. Првиот, создаден од Дејвид Силенс во 1979 година,според кој пациентите може да припаѓаат во еден од четирите типа или синдроми, според нивната клиничка презентација, без да ја земе предвид генетската причина за нивната болест. Вториот систем е според моделот Silence, но доделува нови нумерирани типови генетски како што доаѓа до нивно отркивање. Затоа, луѓето со ОИ може да се опишат како со клинички и генетски тип, кој понекогаш но не секогаш се поклопуваат

Типот I е најчест, а во 90% од случаите е резултат на мутации на COL1A1 или COL1A2. Самата болест различно се манифестира кај различни луѓе , па така симптомите варираат од тип на тип, како и од личност до личност, дури и во исто семејство.

До 2021 година, дефинирани се 21 тип на ОИ кои се прикажани во табелата: Silence моделот со 4 типа Тип Опис ген Менделовско наследување кај човекот Начин на наследување Инциденца Дефинирано When year is uncited, OMIM is the source. благ Нулта COL1A1 алел166200 автосомно доминантно, 34% де ново 1 на 30.000 1979 година смртоносно во перинаталниот период COL1A1, COL1A2 166210 автосомно доминантно, ≈100% де ново 1 на 40.000 до 1 на 100.000 тешка, прогресивна и деформирачка COL1A1, COL1A2 259420 автосомно доминантно, 85% де ново 1 на 60.000 променливи и деформирачки, но обично со нормални склери COL1A1, COL1A2 166220 автосомно доминантно, 50% де ново 1 на 30.000 Генетски дефинирани типови Тип ген Менделовско наследување кај човекот Начин на наследување Дефинирано When year is uncited, OMIM is the source. <i id="mwAfQ">IFITM5</i> 610967 автосомно доминантна 2000 година Genetic cause not determined until 2012. (Cho, et al. 2012) SERPINF1 613982 автосомно рецесивно 2002 година CRTAP 610682 автосомно рецесивно 2006 година LEPRE1 610915 автосомно рецесивен 2007 година PPIB 259440 автосомно рецесивен 2009 година SERPINH1 613848 автосомно рецесивен 2010 година FKBP10 610968 автосомно рецесивен 2010 година SP7613849 автосомно рецесивен 2010 година BMP1 614856 автосомно рецесивен 2012 година TMEM38B615066 автосомно рецесивен 2012 година WNT1615220 автосомно рецесивен 2013 година CREB3L1616229 автосомно рецесивен 2013 година SPARC 616507 автосомно рецесивен 2015 година TENT5A617952 автосомно рецесивен 2018 година MBTPS2301014 Х-поврзан рецесивен 2016 година MESD618644 автосомно рецесивен 2019 година KDELR2619131 автосомно рецесивен 2020 година

Типови според Дејвид Силенс

Четирите типови кој се поставени од страна на Silence се значајни како од клинички така и од генетски аспект; описите кои се среќаваат подолу се клинички и може да се применат на неколку генетски типови на болеста. Моделот покажува дека клиничките симптоми се навистина предизвикани од мутации во гените COL1A1 или COL1A2 кои се наследени на автосомно доминантен начин.

Тип