„Современи македонски раскажувачи, избор“ — збирка раскази од повеќе македонски писатели, во избор на Георги Сталев. Книгата е објавена во 1990 година како заедничко издание на следниве издавачки куќи: Култура, Детска радост, Македонска книга, Мисла и Наша книга. Таа служела како лектира за осмо одделение во основните училишта во СР Македонија.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990.
Содржина Збирката ги содржи следниве раскази:Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990. Стале Попов, „Наследник“ Ѓорѓи Абаџиев, „Господин Модијано“ Владо Малески, „Гркинката со белузлава коса“ Славко Јаневски, „Волчица“ Јордан Леов, „Скалите до срцето на султанот“ Јован Бошковски, „Човек без ѕвезда“ Коле Чашуле, „Прекар“ Блаже Конески, „Изложба“ Томе Момировски, „Девојчето и коњот“ Томе Арсовски, „Грдиот Нарцис“ Бранко Пендовски, „Спомен“ Мето Јовановски, „Случка во ноќта“ Србо Ивановски, „Тажна радост“ Димитар Солев, „Првата зима на слободата“ Симон Дракул, „Туѓоземјанин“ Петре М. Андреевски, „Пожар“ Влада Урошевиќ, „Еднорог во задниот двор“ Ташко Георгиевски, „Луѓе“ Живко Чинго, „Губењето на водата“ Трајан Петровски, „Темелко Аждерот“ Зоран Ковачески, „Циркус“ Васе Манчев, „Ридови и ѕидови“
Технички податоци Приредувачот на збирката, Георги Сталев, исто така е автор и на поговорот. Рецензент на книгата бил Цане Здравковски, корицата, ликовното и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а Димче Исаиловски е автор на илустрациите. Книгата била испечатена во НИПРО „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница и таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека, „Климент Охридски“, Скопје, но без меѓународната ознака ISBN.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990.
Наводи
Категорија:Македонски раскази Категорија:Книги од 1990 година Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Наша книга