„Се сеќаваш ли Доли Бел? (српскохрватски: Сјећаш ли се Доли Бел) — филм на режисерот Емир Кустурица од 1981 година (неговиот прв долгометражен филм). Филмот е снимен по сценариото на Абдулах Сидран, а главните улоги ги играат: Славко Штимац, Љиљана Благојевиќ, Слободан Алигрудиќ и Мира Бањац.Сјећаш ли се Доли Бел (пристапено на 13.1.2023)
Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Сараево во 1963 година. Главниот лик во филмот е момчето Дино (го игра Штимац), кој го запознава светот, растејќи со филмовите што ги гледа во блиското кино и со музиката што ја слуша во младинскиот центар. Исто така, тој е опседнат со хипнозата. Една ноќ, по наредба на нејзиниот макро, Дино е принуден да се грижи за проститутката Доли Бел (ја игра Благојевиќ) и постепено се вљубува во неа.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на Сутјеска филм Категорија:Филмови на Унион филм Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Сараево Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1981 година Категорија:Филмови на Емир Кустурица Категорија:Филмови со Мира Бањац Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Љиљана Благојевиќ Категорија:Филмови со Слободан Алигрудиќ Категорија:Филмови со Славко Штимац