„Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“ (фински: Hymyilevä mies = Насмеаниот човек) – филм на режисерот Јухо Куосманен (Juho Kuosmanen) од 2016 година. Режисерот е автор и на сценариото, заедно со Мико Милилахти (Mikko Myllylahti), а главните улоги ги играат: Јарко Лахти (Jarkko Lahti), Она Ајрола (Oona Airola) и Еро Милоноф (Eero Milonoff). Филмот бил фински кандидат за наградата „Оскар“, а победил во програмата „Определен поглед“ на Канскиот фестивал.Najsretniji dan u životu Ollija Makija, finsko-švedsko-njemački film (пристапено на 21.1.2023)

Синопсис Филмот прикажува една епизода од животот на познатиот боксер Оли Маки (Olli Mäki) кој во 1962 година станал првиот фински боксер кој се борел за титулата светски првак во перолесна категорија. Талентиран и скромен, Оли (го игра Лахти) не може да се снајде во улогата на национален јунак како што сакаат да го претстават менаџерот и медиумите. Тој е преокупиран со многу поважни работи за него, зашто ја пронашол љубовта на својот живот...

Наводи Категорија: Фински филмови Категорија: Германски филмови Категорија: Шведски филмови Категорија: Филмови за боксери Категорија: Филмови од 2016 година Категорија: Филмови на фински јазик Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Финска Категорија:Филмови на Јухо Куосманен Категорија:Филмови со Она Ајрола Категорија:Филмови со Јарко Лахти Категорија:Филмови со Еро Милоноф