Андреја Јанев Куртишев ( во — ) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.
Животопис Неговото убиство се случило пред очите на неговата сопруга Лена, која во целост го прераскажала настанот. Бугарската полиција направила блокада на нивното село и Андреја бил уапсен и чуван цела ноќ во селското училиште. Следниот ден бил ослободен за кратко, па успеал да се врати дома со отечена глава од тепање и со проблеми во говорот. Веднаш бил по втор пат уапсен и повторно однесен во училиштето каде бил повторно тепан. Успеал да избега, но бил забележан од командантот Керин, кој веднаш пукал во Андреја. Од куршумите му се отворил стомакот од кој виселе неговите црева, а Андреја ги држел во рака и продолжил да бега, но бил стасан од Керин, кој го вратил кај училиштето и злогласниот полковник Рачев, кој го извадил својот пиштол и веднаш го стрелал во главата.
Наводи
Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски дејци Категорија:Македонски борци Категорија:Жртви на комунистичкиот режим во Бугарија