Имитација е доктрина на уметничко творештво според која творечкиот процес треба да се заснова на блиска имитација на ремек-делата на претходните автори. Овој концепт првпат бил формулиран од Дионисиј од Халикарнасес во 1 век п.н.е. како imitatio и оттогаш доминирал речиси две илјади години во западната историја на уметностите и класицизмот.Shroder (1972) p.282 quote: Платон ја сметал имитацијата како општ принцип на уметноста, бидејќи самата уметност ја гледал како имитација на животот. Оваа теорија била популарна и добро прифатена во текот на класичниот период. За време на периодот на ренесансата, имитацијата се сметала за средство употребено за да се стекне личен стил; на ова алудираат уметниците од таа ера како Кенино Ченини, Петрарка и Пјер Паоло Вержерио. Во 18 век, романтизмот се спротивставил на овој концепт со создавањето на институцијата романтична оригиналност. Во 20 век, модернистичките и постмодернистичките движења за возврат ја отфрлиле романтичната идеја за креативност и ја зајакниле практиката на имитирање, копирање, плагијат, препишување, присвојување и така натаму како централно уметничко средство.

Белешки

Наводи

Шродер, Марис З. (1972) Франција / римско - романескно - романтично - романтизам во Ајхнер, Ханс (1972) „Романтика“ и неговите сродници: европската историја на еден збор

Категорија:Фигури (стилистика) Категорија:Теорија на книжевноста Категорија:Книжевна критика Категорија:Наратологија Категорија:Музи Категорија:Поетика Категорија:Раскажувачки техники