„Глув барут“ (српски: Глуви барут) — југословенски филм од 1990 година, во режија на Бахрудин Ченгиќ, а снимен по истоимениот роман на Бранко Ќопиќ. Улогите ги толкуваат: Мустафа Надаревиќ, Бранислав Лечиќ, Мира Фурлан и Боро Стјепановиќ.Глуви барут (пристапено на 31.1.2023)
Синопсис Во филмот се прикажуваат настаните во едно српско планинско село во Босна за време на Втората светска војна. Жителите на селото се наоѓаат растргнати меѓу две идеологии, меѓу четниците и партизаните, а главните претставници на тие идеологии се партизанскиот комесар Шпанац и поранешниот кралски офицер Радекиќ. Шпанац е индоктриниран фанатик кој сака да го промени светот без оглед на жртвите, додека Радекиќ е реален познавач на состојбите, човек по потекло од тие краишта кој сака да го заштити народот, дури и по цена на сопствените идеали. Шпанац го гледа Радекиќ како причина за отпорот на селаните кон партизанската идеологија...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на Бахрудин Ченгиќ Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1990 година Категорија:Филмови со Мустафа Надаревиќ Категорија:Филмови со Бранислав Лечиќ Категорија:Филмови со Мира Фурлан Категорија:Филмови со Боро Стјепановиќ Категорија:Филмови со Фабијан Шоваговиќ Категорија:Филмови со Јосип Пејаковиќ Категорија:Филмови со Светозар Цветковиќ Категорија:Филмови со Заим Музаферија Категорија:Филмови со Енвер Петровци Категорија:Филмови со Радко Полич Категорија:Филмови со Марко Николиќ Категорија:Филмови со Милан Ерак Категорија:Филмови со Милан Штрљиќ Категорија:Филмови со Мирко Влаховиќ Категорија:Филмови со Звонимир Лепетиќ Категорија:Филмови со Зијах Соколовиќ Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Босна Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на Јадран филм Категорија:Филмови на Сутјеска филм Категорија:Филмови на Београд филм Категорија:Филмови засновани на романи