Асен Тодоров Чаракчиев, подоцна Кожаров — филозоф, политичар, комунист, деец на ВМРО (Обединета) и на Бугарската комунистичка партија (БКП).
Животопис Асен Чаракчиев е роден на 19 јули 1911 година во Неврокоп, тогаш во Османлиското Царство, денес Гоце Делчев во Бугарија. Во 1931 година се приклучува на Бугарскиот комунистички младински сојуз и на Македонската народна студентска група и пишува во нејзиниот орган „Македонски студентски лист“,Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947), МНИ, София, 2006, стр.237 а од 1932 година е член на Бугарската комунистичка партија (БКП) и секретар на обласниот комитет на ВМРО (Обединета) за Бугарија.Шанданов, Петър. Богатство мие свободата, Гутенберг, 2010, стр.315.
Во 1934 година Васил Хаџикимов го протерува од редакцијата на весникот „Македонска борба“.Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947), МНИ, София, 2006, стр.245 Во 1935 година заедно со Васил Ивановски започнува да го издава нелегалниот весник „Македонска револуција“. На 15 август истата година, Чаракчиев е уапсен заедно со други дејци на ВМРО (Обединета). На судскиот процес во јули 1936 година Чаракчиев се изјаснува како Македонец по народност и тврдо стои на тоа дека постои македонска нација, дека Пиринска Македонија има право на самоопределување и дека треба да се отцепи од Бугарија. Пред судот, Чаракчиев отфрла дека ВМРО (Обединета) има организациски врски со БКП, но не крие дека е комунист. Во писмо до Софискиот областен суд, заштитувајќи го постоењето на македонската нација, се користи со аргументи дека изјаснувањето на Македонците како Бугари предизвикува сомнеж кај соседните држави и кај другите народности во Македонија кон македонската борба. Во судскиот процес, Чаракчиев е осуден на 5 години затвор и глоба од 50.000 лева за антидржавна и прокомунистичка дејност чија цел е со насилство (вооружено востание) да го промени државното уредување и да ја повреди територијалната целост на Бугарија.Добринов, Дечо. ВМРО (обединена), Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 232, 235 – 236. Чаракчиев излегува од затвор во 1940 година и продолжува да дејствува.
На 24 јануари 1943 година Чаракчиев се жени за Лилјана Милошева.
Чаракчиев повторно е уапсен во март 1944 година. По превратот од 9 септември 1944 година, тој станува секретар на Обласниот комитет на БКП во Горна Џумаја и влегува во новото раководство на Македонскиот научен институт, а подоцна и во раководството на македонските емигрантски организации.Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 – 1947), МНИ, София, 2006, стр. 374, 390. Во 1948 година завршува филозофија на Софискиот универзитет како вонреден студент. Од 1949 до 1951 година е професор по филозофија на Државна политехника во Софија (денес Технички универзитет). Од 1949 до 1960 година работи како соработник во Централниот комитет на БКП. Извесен период е и член на кабинетот на Тодор Живков.
Од 1960 до 1962 година е директор на „Бугарска енциклопедија“ во БАН. Од 1962 година е виш научен соработник во Институтот за филозофија. Од 1952 до 1972 година со кратки прекини е научен секретар и заменик главен уредник на списанието „Филозофска мисла“, кое се издава во Софија. Од 1963 до 1966 година е претставник на ЦКП на БКП во списанието „Проблеми на мирот и социјализмот“ во Прага. Од 1966 до 1969 година е заменик директор на Институтот за историја при ЦК на БКП. Од 1966 до 1981 година е директор на Институтот за современи социјални теории при БАН. Во 1968 година го менува своето презиме во Кожаров. Во 1973 година станува доктор по филозофски науки, а во 1977 година професор. Во 1971 година е одликуван со орден НРБ I степен, а во 1981 година со орденот „Георги Димитров“.Енциклопедия България, том 3, Издателство на БАН, София, 1982, стр. 464 – 465.
Библиографија Титовият терор във Вардарска Македония, Изд. на ЦК на Македонските културно-просветни дружества в България, 1949 Характер и движещи сили на народно-демократичната революция в България, София, 1956 Действеността на мисленето, София, 1961 Монизъм и плурализъм в идеологията и политиката (1972, на английски 1973, на немски и руски 1974) Социалните сили, извършили социалистическата революция в България (на английски и френски), София прес, 1968 Законът – основна форма на мисленето, в науката, философията, идеологията. Академие Ферлаг, Берлин, 1973 Правата на човека и идеологическата борба днес (1977, на английски, немски и руски 1978) Системата йога в съвременния свят, Наука и изкуство, 1989
Наводи
Категорија:Бугарски политичари од Македонија Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Дејци на БКП Категорија:Луѓе од Неврокоп Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Починати во 1988 година