мини|375x375п|Пресек на Маријанската Плоча. Маријанска Плоча ― мала тектонска плоча сместена западно од Маријанскиот Ров кој го образува лежиштето на Маријанските Острови кои сочинуваат дел од Изубонинскомаријанскиот Лак. Таа е одвоена од Филипинската Морска Плоча на запад со раздвојувачка граница со бројни поместувања на преобразучкиот расед. Границата помеѓу Маријанската и Тихоокеанската Плоча на исток е зона на подвлекување со Тихоокеанската Плоча која се спушта под Маријанската. Оваа источно подвлекување е поделена на Маријанскиот Ров, кој ја образува југоисточната граница, и Изуогасаварскиот Ров на североисточната граница. Движењето на подвлеккционата плоча е одговорно за обликот на Маријанската Плоча и задниот лак.

Геолошка историја Подвлекувањето на Маријанската Плоча трае повеќе од 50 милиони години. Некои теории за потеклото на оваа мала плоча се дека кога Тиокеанската Плоча почнала да се спушта под Филипинската Плоча, вулканизмот и раширениот гребен почнале да прават лак. Оваа геолошка активност предизвикала делот од Филипинската Плоча да се откине и да стане малата Маријанска Плоча. Маријанските Острови се состојат од вулкани кои се активни и неактивни и се составени од вулкански и седиментни карпи од плеистоценот.

Дефинирање на одликите Како што Тихоокеанската Плоча се спушта под Маријанската Плоча, таа создава ров. Ова е Маријанскиот Ров, и тоа е најдлабокиот ров во светот. Друг резултат од ова подвлекување се Маријанските Острови. Тие се образувани од дехидрација на подвлекувањето, старата океанска кора создава топење, а топењето се издигнува на површината преку вулкан. Овој вулканизам се јавува скоро 50 милиони години. Карпестиот вид во областа се вулканокластични седименти на врвот на магматските карпи. Изворот на овие карпи се од ширење на кората.

Во близина на источниот маријански брег има големи морски планини направени од серпентинитски периодит. Тие биле образувани од вулканизам од кал. Составот за морските планини се разликува во системите на Изуогасаварскиот Ров и Маријанскиот Ров, што укажува на регионални промени во геологијата.

Тектонско однесување

Источна приближувачка граница мини|364x364пкс| Граница на Маријанската Плоча. 1 е Западномаријанскиот Ров, 2 е Маријанската Депресија, 3 е Маријанскиот Лак, 4 е Маријанскиот Предлачен Басен, 5 е Маријанскиот Ров. Тектонската плоча е приближно 100 км дебела и конвергирање на исток со брзина од 50–80 мм/год. со подвлекување на Тихоокеанската Плоча на 60-100 мм/год. Зоните на подвлекување на Изуогасаварскиот Ров и Маријанскиот Ров се движат со различни стапки. Додека северниот дел од плочата на Изуогасаварскиот Ров се спушта на 44 мм/год., јужниот дел се спушта на 14 мм/год. Тихоокеанската Плоча се спушта на околу 10 степени и е насочена 83 степени западно од север. Северната зона на подвлекување се шири со расцепување, додека јужната има расед. Сеизмолозите проучувале како подвлекувачките плочи под лакот на островите влегуваат во долната обвивка и се пренасочуваат хоризонтално, отклонувајќи ја преодната зона на горната кон долната обвивка.

Западна раздвојувачка граница Маријанската Плоча исто така се одвојува со брзина од 30 мм/год од Филипинската Плоча на запад. Маријанската Депресија се наоѓа на западната страна на островскиот лак заедно со сливот на задниот лак. Околу 3 милиони години, сливот почна да се шири на 4,7 цм/год. Поради задниот лак што се шири во Маријанската Депресија, островите се движат кон исток, додека плочата на Филипинското Море останува речиси неподвижна.

Иднината на плочата Бидејќи се случува вулканизам на маријанскиот задек лачен ров и басен, овој систем би можел да продолжи да расте, но комбинирајќи ја стапката на одвојување од Филипинската Плоча заедно со подвлекувањето што ја уништува Маријанската Плоча, можно е оваа мала плоча на крајот да се распадне. Стапката на подвлекување е поголема од стапката на подигнување. Судирот на асеизмичките гребени и оската на ровот објаснува како се развива кривината на плочата.

Поврзано

Маријански Ров Маријанска Депресија Маријански Острови

Наводи

Категорија:Тектонски плочи Категорија:Геологија на Тихиот Океан