Луис Аргета (роден на 7 ноември 1946 година) ― филмски режисер и продуцент од Гватемала. Во 1988 година тој ја основал Morningside Movies, првенствено продуцирајќи телевизиски реклами, вклучително и многу за населнието од шпанското говорно подрачје. Неговиот филм од 1994 година, Тишината на Нето (шпански: El Silencio de Neto) бил поднесен во категоријата странски филмови на 67-то доделување на Оскарите, првото пријавување од Гватемала. Станува збор за приказна за „полнолетството“ што се случува во време на воен удар во Гватемала во 1954 година.

Во 2002 година, Аргуета го продуцирал и режирал „Повик за собирање“, филм за сиромашен иселеник од Гватемала фатен во вртежен свет на една филмска продукција во Њујорк.

Во 2005 година, Аргуета учествувал во документарниот филм „Потеклата на тишината“ („Los orígenes del silencio“), за 20-те години до продукцијата на „Тишината на Нето“.

Во 2008 година, Аргета се појавил како Пако чевларот во „Барајќи го Паладин“, филм за холивудскиот продуцент кој наоѓа духовна основа за време на посетата на Гватемала.

Во 2010 година, Аргета го продуцирал и режирал документарниот филм „Злоупотребен: Рација во Поствил“, за рацијата на државните служби на САД на 12 мај 2008 година во фабрика за пакување кошерско месо во Поствил, Ајова.

Аргета студирал на Универзитетот во Мичиген со стипендија за студирање индустриско инженерство. Неговите филмови имаат намера да ја отсликуваат латиноамериканската култура и борбата за мир.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Машки сценаристи Категорија:Гватемалски сценаристи Категорија:Дипломци на Колеџот за инженерство (Универзитет во Мичиген) Категорија:Гватемалски фимски продуценти Категорија:Гватемалски кинорежисери