Горно Горбасово или Горно Гарбали (, Ано Сурмена, до 1926 г. Άνω Γκριμπάς, Ано Грибас) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во Кукушкиот Округ, на областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1924 г. било населени исклучиво со Македонци муслимани. Денес е составен дел од с. Станица Аканџали.

Географија Селото првично се наоѓало високо на јужните падини на Беласица, а подоцна е симнато долу како источно маало на Станица Аканџали, сместено северно од железничката линија.

Историја Во XIX век Горно Горбасово било муслиманско село во Дојранската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Горно Гарбасово (Garbassovo-gorno) е наведено како село во Дојранска Каза со 120 домаќинства сочинети од 327 Македонци муслимани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Горбасово имало 550 жители Македонци муслимани и 10 Роми.

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупирале единици на Бугарската армија.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција. Населението почнало да се иселува уште во текот на Првата светска војна поради близината на фронтот. По војната, во 1920 г. се попишани само 195 жители. Во 1924 г по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско било иселено во Турција, на негово место се доведени грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Сурмена. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 83 семејства од 296 жители грчки дојденци од Понд и Источна Тракија.

Во 1990-тите селото е припоено кон с. Станица Аканџали, бидејќи го снемува од пописот во 2001 г.

Демографија

Стопанство Населението се занимавало со земјоделство, а главни производи биле житото и добиточната храна. Сточарството било ослабо развиено.

Наводи

Категорија:Историски села во Кукуш