Цефтазидим е цефалоспорин од трета генерација. Има висока активност против повеќето грам-негативни бактерии, вклучително и Pseudomonas aeruginosa.

Спектар на дејство Слично на цефотаксим, цефалоспорин од 3. генерација, цефтазидимот има широк спектар на активност против грам-негативни бактерии, но за разлика од цефотаксимот, дополнително и против Pseudomonas aeruginosa и предизвикувачкиот агенс на ретката тропска болест мелиоидоза, Burkholderia pseudomallei. Во грам-позитивниот опсег, цефтазидимот има послаб ефект од цефотаксим, на пример само умерено десјтво противстрептококите и слабо дејство на стафилококите. Тој е неефикасен против МРСА и бактерии кои произведуваат бета-лактамази со проширен спектар (англиски: extended spectrum beta lactamases, ESBL).

Комбинацијата со инхибиторот на β-лактамаза авибактам може да го прошири спектарот на дејство врз отпорни бактерии со блокирање на β-лактамазата произведена од овие бактерии. Во овој случај, за комбинацијата цефтазидим/авибактам се работи за резервен антибиотик.

Индикации Цефтазидим треба да се користи првенствено за третман на сомнителни или докажани инфекции со Pseudomonas aeruginosa. Следниве инфекции се одобрени доколку се тешки и предизвикани од патогени чувствителни на цефтазидим: инфекции на респираторниот тракт, инфекции на уринарниот тракт, инфекции на кожата и меките ткива, инфекции на гениталиите, абдоменот, коските и зглобовите и како резултат на хемодијализа или перитонеална дијализа.

Администрација на лекот Цефтазидим обично се администрира парентерално како интравенска инфузија. Исто така е одобрен за интрамускулна и интравенска инјекција.

Фармакокинетика Цефтазидим практично не се апсорбира по орална администрација. По парентерална администрација, тој има биолошки полуживот од приближно 2 часа.Mutschler, Arzneimittelwirkungen, 9. Auflage, Wissenschaftliche Verlagsgesellschaft Stuttgart, 2008 ISBN 978-3-8047-1952-1. Во серумот околу 10 % од цефтазидимот е врзан за белковините, во повеќето ткива достигнува концентрации кои се над типичните минимални инхибиторни концентрации (МИК) на чувствителни патогени. Елиминацијата е речиси целосно преку гломеруларна филтрација преку бубрезите, затоа дозата мора да се прилагоди при ренална инсуфициенција. Метаболизмот во црниот дроб не се одвива.

Несакани дејства Алергиските реакции се многу поретки отколку кај пеницилините. Промени во крвната слика, како што се тромбоцитопенија, леукопенија или еозинофилија, исто така, се случуваат прилично ретко. Други несакани дејства можат да се јават, меѓу другото, како резултат на оштетување на физиолошката бактериска флора, на пр. кандида инфекции во пределот на вагината и устата како и дијареа.

Трговски имиња Biotum, Cefaz, Ceftazidime Kabi

Наводи

Категорија:Соли на карбоксилните киселини Категорија:Пропионски киселини Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Цвитерјони