Аполо 8 (21–27 декември 1968) било првото вселенско летало со екипаж кое ја напуштило нискоземјината орбита и првиот вселенски лет со екипаж кој стигнал до Месечината. Екипажот орбитирал околу Месечината десет пати без да слета на неа, а потоа успешно се вратил назад на Земјата. Тројцата астронаути—Френк Борман, Џејмс Ловел и Вилијам Андерс—биле првите луѓе кои лично ја виделе и ја фотографирале далечната страна од Месечината, како и изгревањето на Земјата.
Аполо 8 бил лансиран на 21 декември 1968, и бил втор лет со екипаж од програмата Аполо, после Аполо7, кој останал само до Земјината орбита.
Наводи
Категорија:Аполо (вселенска програма) Категорија:Вселенски летала пуштени во 1968 година