Хлорати — хемиски соединенија, соли на хлорната киселина кои го содржат хлоратниот анјон (ClO3-). Хлорниот атом има оксидациски број +5. Кога е проследен од римска бојка во загради се однесува на даден оксианјон на хлорот.

Хлоратните анјони имаат триаголни пирамидални структури.

Хлоратите се моќни оксиданси и треба да се чуваат подалеку од органски или лесно оксидирачки материјали. Смесите на хлоратни соли со било кој запалив материјал (шеќер, дрвесина, дрвен јаглен, органски растворувачи, метали итн.) лесно дефлагрираат. Од оваа причина, хлоратите своевремено се користеле во пиротехниката, но денес претежно се заменети со перхлорати поради нивната нестабилност.

Структура и врски Хлоратниот јон не може да се претстви задоволително со само една Луисова структура бидејќи сите врски Cl–O имаат иста должина (1,49 Å во калиум хлоратот), а хлорниот атом е хипервалентен. Наместо тоа, овој јон се смета за мешавина од повеќе резонантни структури:

400px|Резонантни структури на хлоратниот јон

Добивање

Лабораториско Металните хлорати се добиваат со додавање на хлор во врели метални хидроксиди како KOH:

3 Cl2 + 6 KOH → 5 KCl + KClO3 + 3 H2O

Во оваа реакција, хлорот претрпува диспропорционирање — редукција и оксидација. Хлорот (оксид. бр.) образува хлорид Cl− (оксид. бр. −1) и хлорат(V) (оксид. бр. +5). Реакцијата на ладни водести метални хидроксиди со хлород дава хлорид и хипохлорит (оксид. бр. +1).

Индустриско

Индустриското добивање на натриум хлорат почнува со воден раствор на натриум хлорид (расол) наместо хлорен гас. Ако електролизната опрема допушта мешање на хлорот со натриум хидроксид, тогаш се јавува гореопишаната реакција на диспропорционирање. Загревањето на реактансите на 50–70 °C го прави струјата во електролизата.

Природна застапеност Во поново време е утврдено присуството на природни лежишта на хлорати во светот, а релативно големи концентрации се застапени во суви и хиперсуви подрачја. Хлоратот измерен во дождовница покажува слична количина како перхлоратот. Се претпоставува дека хлоратот и перхлоратот може да имаат заеднички механизам на образување и да бидат дел од природен хлорен биохемиски циклус. Присуството на природен хлорат може да биде образложение за способноста на разни микроорганизми да го редуцираат хлоратот во хлорид. Еволуцијата на хлоратната редукција може да биде прастара појава бидејќи сите бактерии што редуцираат перхлорат исто така користат хлорат како завршен електронски прифатник. Засега не се познати минерали во кои преовладува хлорат. Ова значи декахлоратниот анјон постои само како замена во познатите минерални видови или, во крајна мера, е присутен во пороисполнителните раствори.

Во 2011 г. Технолошкиот институт на Џорџија извршил проучување во кое е утврдено присуството на магнезиум хлорат на планетата Марс.

Соединенија (соли) Examples of chlorates include

калиум хлорат, KClO3 натриум хлорат, NaClO3 магнезиум хлорат, Mg(ClO3)2

Други оксианјони Ако по зборот „хлорат“ следи римска бројка во загради, таа го означува оксидациската состојба (оксидавискиот број) на оксианјонот:

Обично име Систематско име Оксид. бр. Формула хипохлорит хлорат(I) +1 ClO− хлорит хлорат(III) +3 хлорат хлорат(V) +5 перхлорат хлорат(VII) +7

Со овој запис, „хлорат“ значи било кој хлорен оксианјон. Обично „хлорат“ се однесува само на хлорот во оксидациска состојба +5.

Токсичност Хлоратите се релативно токсични, иако при редукција образуваат начелно безопасни хлориди.

Наводи

Надворешни врски

Хлорат — Енциклопедија Британика Хлорат — PubChem

Категорија:Хлорни оксиди