Арпа () — река во Кукушко, Егејска Македонија, лева притока на Галик.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Реката извира под името Музгали во источното подножје на планината Карадаг, западно под врвот Џамалука (862 м). Тече на запад, а кај селото Врлан свртува на југозапад. Минува источно од Севендекли, Инанли и Ени Маало, свртува на запад и по селото Караџа Кадар се влева во Галик како негова лева притока.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Кукуш Категорија:Притоки на Галик