десно|мини|250x250пкс| Приказ на електрично поле околу позитивно (црвено) и негативно (сино) електричен набој. десно|мини|250x250пкс| Магнетното поле е простор околу природни и вештачки магнети и во нив, во кој делуваат магнетни сили. Силници или силови линии — замислени линии, со или без стрелки, кои претставуваат различни својства на физичките полиња. Силниците се протегаат во насока на делување на силите, а нивната густина ја опишува јачината на полето. Тие се нормални на еквипотенцијалните површини. Линиите на конкретни електрични и магнетни полиња може да се исцртаат со помош на стаклена прашина или железни струготини.silnice, "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2017.

Силници на електрично поле

Силниците на електрично поле се замислени насочени линии кои излегуваат од позитивните електрични полнежи и завршуваат со негативни електрични полнежи, а со својата густина и облик ја покажуваат насоката и јачината на електричното поле во некој дел од просторот.

Силници на магнетно поле

Силниците на магнетно поле се замислени затворени криви (немаат почеток или крај) кои со нивниот облик и густина ја покажуваат јачината на магнетното поле во одреден дел од просторот.

Силници на гравитациско поле

Силниците на гравитациско поле се замислени насочени линии кои доаѓаат од бесконечноста и навлегуваат во масата, а со својата густина и облик ја покажуваат насоката и јачината на гравитациското поле во некој дел од просторот.

Наводи

Категорија:Физика Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ