Давитко Вангелов ( — ) — македонски револуционер на ВМОРО.
Животопис На 20 март 1923 година, луѓе на царските автономисти Тодор Александров и Александар Протогеров, на враќање од Софија ги пресретнале на патот Петар Чочков (брат на војводата Стојан Чочков), Христо Стојменов Железнички и Давитко Вангелов. Тие не биле вооружени и биле изгладнети. Тројцата биле убиени, а по нивната смрт обвинети дека биле предавници на македонската борба.
Тодор Александров имал обичај, после секое убиство на таа личност да и припишува измислени дела. Нивни текстови се појавувале низ весниците и во форма на брошури, во кои биле пишувани измислени обвиненија за кражби и предавства на татковината.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров